Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

4 ДЕН ОД 12

Нашиот одговор на Евангелието



Прочитај Ефесјаните 2:1-10, Ефесјаните 1:1-15, и 3:14-21.



Без оглед на тоа колку ти е познато Евангелието, секогаш кога го читаш треба да одвоиш време да размислуваш и да се молиш за тоа. Ние избравме стихови од Библијата кои ќе ти помогнат во тоа. Побарај од Господ да во твојот ум и срце ти даде јаснотија, сила и разбирање за Евангелието.



Сакаме да го видиме Исус и Неговата жртва и да ги видиме нашите срца и себеси, онака како што Бог ги гледа. Не сакаме да бидеме измамени. Евангелието не е само интелектуална вежба; тоа е прашање на срцето.



Размисли за моќта на Евангелието во твојот живот и неговото влијание врз тебе. Продолжи да го правиш тоа во следните неколку дена. Потоа погледни го твојот календар и одбележи ден и време, една недела од сега, кога ќе можеш да поминеш 15-20 минути благодарејќи му на Бога и славејќи го за сето она што Тој го направи во твојот живот преку Евангелието.



Додека размислуваш на Евангелието, потруди се тоа да биде целосно чесно кон себе и целосно отворно кон Господ. Кажи му за твоите сомнежи, прашања, рамнодушност, стврднато срце, чувство на апатија, па дури и за твоето неверие. Нема за што да се плашиме кога сме во Христа. Тој ни ветува дека ако го исповедаме нашиот грев, дека е верен да ни прости (1 Јован 1:9).
Ден 3Ден 5

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistl...

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност