Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

9 ДЕН ОД 12

Како чекориме во вистинска љубов?



Прочитај 1 Јован 4:16-17 и Јован 13:34-35.



Што ја ослободува љубовта? Како се ослободуваме од гревот и самољубието и одиме напред во вистинска љубов?



Не можеме да го правиме тоа без Него и без Неговата помош. Лесно е да го изгубиме фокусот или да ја загубиме рамнотежата. Љубовта кон Христа и Евангелието е нашата единствена надеж. Исус дојде и живееше, умре, беше погребан и воскресна за да ги победи гревот, сатаната и смртта. Синот Божји, кој нѐ љубеше, се даде себеси за нас. Тој преку Неговата љубов пред нас постави една патека. „Господи Исусе, сакам да одам во оваа љубов. Помогни ми да ги положам сета моја надеж и доверба во Тебе.“



Читањето на химните од старите светии можат да ни помогнат да го фокусираме нашиот ум во борбата. Преку тоа ги слушаме нивните срца кои радосни во Бога, го обожаваат Него, живеат свети животи и го сакаат со целото свое срце, душа, ум и сила. Размисли за овие стихови од Исак Вотс во неговата химна „Разбуди ја мојата ревност, и мојата љубов“. Дали твоето срце копнее да го сака Господа вака?



Разбуди ја мојата ревност, и мојата љубов

да му служам јас на мојот Спасител,

со дела кои светците кои се над мене

и светите ангели не можат да ги прават.



Разбуди ја мојата душа, да ја нахрани

гладната душа, и да ги облече сиромашните;

Во рајот луѓето немаат никаква потреба,

нивните срца се полни засекогаш.



Покори ги моите страсти, о душо моја!

Продолжи со борбата, исполнувај го Божјото дело,

секојдневно контролирај ги моите гревови,

и секогаш доживувај нови победи.



Земјата на победата е горе,

таму не постојат противници;

Господи, ќе победувам додека не умрам,

и ќе ја завршам славната војна.



Нека со секој изминат час

твоето Евангелие ме поучува одново;

И кога ќе престанат мојот живот и напори,

ќе ја поседувам ветената круна!



Приближи ја вистината до своето срце: Избери стих од Библијата, запомни го со цел да го обнови твојот ум и да го промени твоето срце.



Себе-одрекување: За кој конкретен грев во твојот живот зборува стихот кој го одбра? Павле многу конкретно ни кажува дека треба да го отстраниме телесниот човек.



Спроведување на вистината на дело: Облечи се во новата природа - Христовата. Кои конкретни промени треба да ги направиш во твоето размислување, ставови или однесување за да се покориш на Него и да ја примениш Неговата вистина во твојот ум и срце?
Ден 8Ден 10

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistl...

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност