Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

1 ДЕН ОД 12

Копнеж за љубов



Нашите срца копнеат за љубов без разлика дали го знаеме тоа или не. Ние буквално сме создадени за да љубиме. Бог е љубов. Дали сакаш да ја спознаеш вистинската љубов на Бог? Тогаш, дали копнееш вистински да Го љубиш со сето свое срце, душа, ум и сила за возврат?



Но, што е вистинска љубов? Самиот збор има толку многу значења. Ние во еден здив можеме да кажеме: „Го сакам кафето, го сакам мојот сопруг, го сакам Исус“. Како можеме да знаеме што навистина е вистинската љубов? Како изгледа? Какво е чувството? Дали и воопшто е битно?



Вистинската љубов е повеќе од сензација, чувство, мисија, па дури и доктрина. Вистинската љубов е искрена желба за благосостојба на другиот. Вистинската љубов која носи слава на Бога е самата цел на животот и на постоењето на црквата.



Некои ќе речат дека мисиите се крајната цел на црквата: „Врховната задача на Црквата е евангелизирање на светот. Мисијата на црквата е мисии“ (Освалд Џ. Смит).



Други ќе речат дека тоа е обожувањето: „Мисиите не се крајната цел на црквата. Тоа е обожувањето. Мисии постојат затоа што не постои обожување. Обожувањето е крајна цел, не мисии, зашто Бог е врвен, а не човекот. Кога овој свет ќе помине и безбројните милиони од откупените ќе паднат на нивните лица пред Божјиот престол, мисии повеќе нема да има. Тоа е само привремена потреба. Но, обожувањето останува засекогаш“ (Џон Пајпер).



Ви навестувам дека љубовта е на врвот, а дека мисиите и обожувањето се резултат од таа љубов. Бог му заповеда на Својот народ да Го љуби со сето свое срце, душа и сила. Исус го повторува ова, кажувајќи ни дека првата и најголема заповед е да го сакаме Господа, нашиот Бог со СЕТО наше срце, СЕТА наша душа, СИОТ наш ум и СЕТА наша сила. Сето значи целосно. Понатаму Тој ни кажува дека сите луѓе ќе знаат дека ние сме Негови ученици според љубовта што ја имаме еден кон друг. Тогаш Павле објаснува во своето писмо до Коринтјаните дека верата, надежта и љубовта се трајни доблести, но најголема од овие три е љубовта. Според Бога, Исуса и Павле се чини дека љубовта е крајната цел за нас, а оттука и за црквата.
Ден 2

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistl...

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност