Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

3 ДЕН ОД 12

Вистинската љубов не може да се фалсификува

Вистинската љубов е во срцето на Евангелието, а Евангелието е пројава на Божјата љубов. Евангелието е врвниот чин на љубовта. Само преку Евангелието можеме да ја добиеме оваа вистинска љубов. Ние ја добивме способноста да ја препознаеме вистинската љубов, да уживаме во вистинска љубов, да живееме во вистинска љубов и да даваме вистинска љубов во Христа.

Што е Евангелието?

Евангелието е добра вест дека некој ја презеде вината и казната наместо нас, за сите наши зли дела направени против Бог. Која е казната за гревот? Смрт, Божјиот гнев, вечното мачење и одвојување од Бог - во пеколот. Исус, единствениот кој може да плати за нашиот грев, истапи, застана на нашето место и ја зеде СЕТА казна што ја заслуживме. Исус, совршен, без грев, целосно Бог и целосно човек, го положи својот живот за нас. Оној кој беше без грев, ги зеде СИТЕ наши гревови, СИТЕ наши изопачености и СИТЕ наши ПРЕСТАПИ врз себе и во замена ни ги даде Неговата светост, Неговиот карактер и Неговата ПРАВЕДНОСТ.

Оној што го даде Својот живот, сака да ја познаваш оваа љубов, да ја примиш, да ја доживееш, да живееш во неа и да ја даваш истата на другите.

Дали ја прими оваа љубов? Ако не си сигурен/а, те повикуваме да го прочиташ "Евангелието за нашето спасение." Ако го имаш прифатено Божјото опростување и се надеваш на Христос и Неговата љубов, следното нешто што сега сакаме да побараме од тебе да го направиш е да се молиш со оваа кратка молитва: “Господи те молам да ги отвориш моите уши за да го чујам Твоето Слово, да ги отвориш моите очи за да те видам Тебе и Твојата вистина, и да ми го отвориш срцето соодветно да одговорам на сѐ што ќе ми откриеш. Помогни ми да ја разберам и да ја примам твојата вистинска љубов, уште подобро да сфатам што Ти направи за мене и да живеам во вистинска љубов. Амин.”

Божјата љубов за тебе е најважната љубов. Сфаќањето, примањето и верувањето во Неговата вистинска љубов е од суштинско значење и основа за тоа кои сме, за нашиот однос со Христос и апсолутно сѐ што правиме во секој дел од нашиот живот. И ние треба да чекориме во Неговата љубов секој миг.


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistl...

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност