Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Што е вистинска љубов?Примерок

What Is True Love?

7 ДЕН ОД 12

Себељубието не смее да ја попречува вистинската љубов



Себељубието не само што не ѝ дозволува пристап на вистинската љубов, туку дури и ја уништува.



Со што е исполнето егото? Со себеси. Страв. Неверување. Недоверба. Конфликтни мисли. Конфликтни чувства. Безбожни себични страсти и желби. Гнев. Болка. . . длабока повреденост. Прогонувачки емоции и спомени. Невистини. Успех. Слава. Богатство. Себе-издигнување. Причината која изгледа е заедничка за секој недостаток на вистинска љубов, најчесто е поради фокусирање на себеси, наместо кон Бога и другите.



Значи, каде е твојот фокус? Како го трошиш твоето време, твоите пари, твоите ресурси, твоите таленти, твоите чувства? Каде талкаат или дури на што се задржуваат твоите мисли во текот на денот? Кои зборови излегуваат од твојата уста? Со други зборови, за што зборуваш или со кого зборуваш? Дали се фокусираш на себеси?



Иако можеби сме го поставиле Христовиот темел во нашиот живот, можеме да согледаме дека градиме врз таа основа со слабите и сиромашни вештини на егото. Но, Бог може да ги откупи и да ги врати годините што ги украле скакулците, да го земе она што непријателот го посакувал за зло и да го искористи за добро. Тој дури може да ги искористи нашите грешни и себични патишта за да открие повеќе од Неговата љубов, Неговата милост и Неговата благодат.



Размислете за ова, а потоа помолете се:



„Господи, те молам, отвори ги очите на моето срце и дозволи ми да видам внатре. Има ли љубов? Има ли болка? Гордост? Лутина? Себичност? Што ме спречува да ја спознаам Твојата љубов и да живеам во Твојата љубов? Сакам да ја запознаам оваа вистинска љубов на таков начин што ќе ја живеам и ќе ја проповедам вистинската љубов на Евангелието со моите усни и со мојот живот. Според Павле, ако немаме љубов ние сме ништо. Имај милост кон мене. Во името на Исус, Амин“.



Приближи ја вистината до своето срце: Избери стих од Библијата, запомни го со цел да го обнови твојот ум и да го промени твоето срце.



Себе-одрекување: За кој конкретен грев во твојот живот зборува стихот кој го одбра? Павле многу конкретно ни кажува дека треба да го отстраниме телесниот човек.



Спроведување на вистината на дело: Облечи се во новата природа - Христовата. Кои конкретни промени треба да ги направиш во твоето размислување, ставови или однесување за да се покориш на Него и да ја примениш Неговата вистина во твојот ум и срце?
Ден 6Ден 8

Опис за овој план

What Is True Love?

Секој сака да знае што навистина претставува љубовта. Но, малкумина гледаат што Библијата кажува за љубовта. Љубовта е една од централните теми на Писмото и најважната доблест на христијанскиот живот. Овој план од Thistl...

More

Благодарни сме на Thistlebend Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: www.thistlebendministries.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност