Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

1 ДЕН ОД 15

Марко 1 | Следи ме

Здраво и добредојде на почетокот. Во случај сега да започнуваш за прв пат со Исус или - одново тргнуваш од почеток - или пак можеби си тука само поради твојата љубопитност, да знаеш дека си на правото место. 


Од каде да започнеме? За Исусовите ученици патувањето кое следи што ќе промени сѐ, започна со два обични збора кои ги изговори Тој, “Следи ме“. 


Затоа и ние ќе ззапочнеме со следење на Исус. Планот е едноставен, ќе прочитаме две книги каде што ќе научиме повеќе за Исус, евангелието според Марко и ќе продолжиме со нашата приказна во книгата до Колосјаните. Во Марко ќе видиме што значело во тоа време тоа да се следи Исус, додека во Колосјаните ќе прочитаме за следбеништвото денес. 


Најинтересниот дел од овој план е читањето на Библијата, но јас ќе те придружувам и ќе ти објаснувам додека читаме бидејки патувањето е секогаш подобро кога е во заедништво. Покани и некој пријател со кого ќе имате можност да се запознаете додека го запознавате Исус! Можеш да читате самостојно и да разговарате за ова секојдневно или еднаш неделно, а може и да бидеме само јас и ти.   


Океј, ајде да почнеме. Денес почнуваме со Марко прва глава, прв стих:


“Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син.”

Каков почеток. Како прво, добри вести, а јас многу сакам добри вести. Станува збор за Месијата Исус што значи “помазаниот“ - исто како единствениот, Божиот избраник. Исус е Син Божји.


Вториот стих продолжува со пророштво дадено векови пред Исус да дојде: 


“Ќе испратам гласник пред тебе кој ќе го припреми твојот пат.”

Божјиот гласник беше еден човек со име Јован кој беше испратен да проповеда и да ги припреми срцата на луѓето за Исус, но на кој начин ги припремил? Во четвртиот стих кажува дека преку “крштавање во пустината и проповедање за покајно крштавање за проштавање на гревовите.” Покајанието е клучно што значи да доживееш промена на умот и насоката на размислување, да увидиш дека “начинот на досегашното живеење бил погрешен,“ со цел да се свртиш и продолжиш во правилна насока. Така многу луѓе доаѓале од далеку за да го слушаат Јован, да се покајат и крштеваат.  


Клучниот прв чекор за да се стане следбеник на Исус е да се признаат гревовите, да се оттргнеш од нив и да ја промениш својата насока и тргнеш према Него. Јован крштеваше во вода во знак на покајанието, но тој исто така ѝм кажуваше на луѓето дека Исус ќе дојде и “ќе ги крштева со Светиот дух“.


Потоа во деветтиот стих читаме дека Исус пристигнал од Назарет бил крштеван од Јован, но Неговото крштевање се разликувало од другите бидејки Духот се спуштил врз Него како гулаб, за после во единаесеттиот стих да прочитаме дека: 


“се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!”

Тука има премногу нешта на кои можеме да посветиме внимание, но сакам ти самостојно да си ги прочиташ деталите, а јас ќе се фокусирам само на големата слика. Стих 14: 


“А откако Јован беше предаден, Исус дојде во Галилеа, проповедајќи го Божјото Евангелие.“ и зборуваше “‘Времето се исполни,’ ‘и наближи Божјото Царство; покајте се и верувајте во Евангелието!’”

Исус дојде на земјата со порака дека Божјото царство - местото каде што Бог владее - е близу. На дофат ни е и ги покани луѓето на покајание - да се свртат од гревот - и да поверуваат во добрата вест.  


Но доколку кралството е близу, како би влегле во него? Стих 16 вели:


“И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде Симона и Андреја, братот Симонов, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!”“

Забележи дека клучот за влез во Божјото царство е во овие два збора: Следи го Исус. 


Стих 18:


“И веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.“

Приметуваш ли дека учениците морале да остават нешто позади нив за да го следат Него? Исус продолжил понатаму и дошол до Јаков и Јован (еден друг Јован) кои исто така заминале од своето место за да го следат. 


Се чудам понекогаш дали учениците биле свесни за промените кои следат во нивните животи или пак за промените кои следат во светот. Не знам колку многу разбирале, но знам дека му верувале на Исус доволно за да го преземат првиот чекор.  


Ајде да ѝм се придружиме. Прочитај ја Марко глава 1 и види каков авторитет имал Исус да истерува демони од луѓето, почувствувај го Неговото сочувство со болните додека ги исцелува, слушни ја Неговата мудрост додека поучува и додека го правиш ова, разбери дека Исус не нѐ поканил само за да поверуваме во некои факти или да филозофираме на темата или пак да се придружиме на некоја институција туку нѐ кани да му се придружиме Нему на едно патување како Негови следбеници. 


За размислување и разговор:

  • На што мислиш дека Исус мисли кога кажува, “следи ме“? На кој начин ова се разликува од тоа да каже “слушај ме“ или “верувај ми“?
  • Што мислиш кои од овие зборови најдобро го опишуваат значењето да се биде христијанин: религија, вера, филозофија, правила, патување, врска и зошто? 
  • Како дозна ти за Исус? Сподели ја твојата приказна.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те во...

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност