Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

15 ДЕН ОД 15

Колосјаните 4:17 | Заврши го започнатото

Здраво другари, ова е последниот ден од планот. Браво! Го завршувате она што сте го започнале - што е многу добра карактеристика, сериозно. Последниот ден ќе го искористиме за да го сумираме сето она кое го научивме и за да ги испланираме следните чекори.


Има еден стих на крајот од Колосјаните кој е соодветен за овој момент, стих 17: 


"Речете му на Архип: „Внимавај на службата, која си ја примил во Господа, да ја исполниш!“"

Интересно. Никој не знае кој е Архип ниту пак каква е неговата мисија, но знаеме дека било доволно значајно за да го пишува во Библијата. Секоја една личност е важна за Бог, а Божјиот повик во животот на еден човек е важен за светот, затоа Павле му кажува на Архип “да си ја заврши мисијата.“ Да се заврши тоа што започнало. 


Иако не те познавам лично, ова е мојата порака денес за тебе. Јас знам дека си му важен важен на Бог и знам дека твојата мисија ќе направи разлика во нечиј живот. Ти имаш цел која треба да ја постигнеш и повик кој мораш да го следиш - затоа заврши ја работата до крај. Ајде за почеток да видиме какво беше нашето патешествие во изминативе 14 дена. 


Нашето дружење започна со два едноставни збора: "Следи ме." Што всушност се провлекуваа низ целото наше време читајки го овој план - го следевме Исус. Во текот на ова време видовме како Исус ги исцелува болните, како ја смирува бурата, ѝм опростува гревови на грешниците и ги обновува луѓето. Видовме дека и Неговите ученици имаа улога во оваа служба исто како што имаш и ти.


Во Марко 8 глава, Исус ги повика учениците сеиозно да бидат посветени:


"Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене." (Марко 8:34).

и учениците прифатија. Преку приказната со Богатиот млад владетел осознавме дека да се следи Исус значи да се живее ослободено од идолите како што се пари и гордост. Научивме и за најважните Божји заповеди: љуби го Бог, љуби го ближниот и најважно од сѐ дознавме за љубовта која Бог ја има према нас. Исус го даде својот живот за да нѐ спаси. 


Да не заборавиме дека ова не е според заслуга, ние повеќе не плаќаме откуп за своите гревови и не можеме да се оправдаме. Исус умре за да ја плати цената и воскресна за да ни даде нов живот што е огромна милост Божја, затоа нашата задача е да го живееме животот достојно според Неговата волја. 


Ова нѐ носи до Колосјаните, каде пишува за тоа како треба да го живееме животот? Одговорот е во два едноставни збора: следи го Исус. Само што, наместо да ги следиш трагите од Неговиот чекор, Светиот Дух те води низ животот и моментите поради тоа што го носиш Христос во себе и го остави старото за да постанеш нов. 


Духот ти создава нови навикиНе заборавај дека ова не е нешто што мораш да го правиш, туку е нешто што се прави како резултат на Духот. Следниве навики се одличен  почеток:


Започни навика за читање на Библијата со тоа што ќе посветиш време за секојдневно да ја проучуваш. На оваа апликација имаме одлични Библиски планови кои можеш да ги искористиш, посебно ми се допаѓаат оние кои те водат низ секоја книга од Библијата, а можеш и да го започнеш истиов план уште еднаш, со некој друг пријател, што ме носи до следното…


Започнување на навика за дружење. Поврзи се со други верници. Ние сме повикани да љубиме што во основа значи да си посветиме време едни на други. Затоа постои црквата, запамти дека црквата не е некое шоу кое треба да го гледаш туку е заедништво во кое треба да се вклучиш. Отвори се и сподели го тоа што ти е при срце, исповедај си ги гревовите, молете се заедно и барајте исцеление. Црквата е одлично место каде што можеш да…


Започнеш навика за служење. Тоа е мисија. Да најдеш начин на кој можеш да ѝм помагаш на луѓето на едноставен начин. Еден начин на помош е да…


Започнеш навика за молитва. Запамти дека молитвата не ја кажуваш за да ги поставиш само твоите барања пред Бог, туку служи за да те приближи кон Него, затоа отворено пристапи и споделувај сѐ што имаш на срце, како и твоите потреби, а моли се и за други луѓе. 


Постојат и други важни навики: навика на исповедањенавика на правење следбеници, но во моментот кога ова ќе ти постане листа од задачи кои мораш да ги завршиш, подзастани малку поради тоа што причината создавање на овие навики не се некакви правила кои треба да ги следиш како христијанин, туку желбата проникнува од внатрешната потреба да го следиш Исус. Да не комплицираме, нека биде едноставно, нека биде Исус во фокусот и дозволи Му на Светиот Дух да те води. 


Да не заборавиш исто така дека преобразбата не претставува нешто плитко и безначајно, туку претставува внатрешна трансформација - преобразба во Божјиот лик какви што треба да бидеме. Пример: една од твоите нови навики ќе биде да даваш, но не ги даваш парите за да заслужиш некакви поени кај Бог туку поради тоа што Бог дава, а ти учиш како да бидеш дарежлив како Него.  


Добро, време е да започнеш. Постојат животни патувања и патувања низ Библијата, а пред тебе е една прекрасна авантура која Бог ја има замислено за тебе и задача која треба да ја завршиш, но тоа е и Негова задача, така што:


"Оној, Кој го почна доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христа Исуса.“‬‬ (Филипјаните 1:6). 

Овде не станува збор само за да ја завршиш својата задача, туку станува збор и за Божјата задача во тебе, затоа фиксирај го погледот кон Исус, оној кој е “почетникот и исполнителот“ на твојата вера. (Евреите 12:2). Тој го започна ова - Тој и ќе го заврши, што значи дека не си сам во ова. Тој нема да те напушти ниту да те заборави (Евреите 13:5). Последните зборови на Исус до Учениците во евангелието според Матеј беа:


"еве, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот. Амин!” (Матеј‬ ‭28‬:‭20‬ ‭Mkb‬‬).

За размислување и дискусија

  • Што значи за тебе фразата “Заврши го започнатото“ во животот?
  • Филипјаните 1:6 нѝ кажува дека "Оној, Кој го почна доброто дело во вас, ќе го доврши.“ Дали ова ти значи нешто?
  • Денес доби неколку предлози за следните неколку чекори. Што планираш да правиш после тоа?
Ден 14

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те во...

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност