Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

4 ДЕН ОД 15

Марко 6-7 | Испратен за да служи

Стигнавме до Марко 6 глава и играта штотуку започна. Да го следиш Исус никогаш не било воајерски спорт поради што и Неговите ученици ќе добијат шанса да заиграат.


Ама ова важи и за тебе, доколку го следиш Исус си повикан на служба без исклучок. Доколку не си верник, имаш покана, но исто така имај во предвид дека тоа не е покана за придружување во некоја институција туку повик за да бидеш учесник во едно движење


Исусовите ученици ќе дознаат што значи тоа за нив во Марко 6 глава 7 стих:


“ги повика Дванаесетмината; почна да ги праќа по двајца, и им даде власт над нечистите духови.”


Значи Исус ги испратил во мисија, а мисијата не зависи од луѓето туку продолжува во зависност од потребата. Тој ги испраќал да одат по двајца што значи дека мисионерството е тимска игра во која Тој им доделува авторитет - Божји авторитет - на нивното патување.


Тој им дава и инструкции како што може да видиме во стих 8:


“им заповеда да не носат ништо за по пат освен еден стап: ни леб, ни торба, ни пари во појасот

Што значи дека нивната прва мисија е лекција за верата додека немаат ништо во посед - освен верата, но инструкциите не се секогаш и во секој случај исти како што можеме да видиме во следниот случај кога ќе ги испрати на друга мисија со посед. За мисијата нема некоја специјална формула или рецепт, таа претставува авантура во која вистинскиот клуч за сите ситуации е да упатството дадено од Господ кое тврди дека да се следи Исус значи да се следат инструкции и да се има вера во Бог независно од тоа дали си без ништо или имаш сѐ што ти е потребно за авантурата која претстои. Верувај Му на Бог дека ќе ти го обезбеди тоа што ти е потребно. 


И како си поминаа учениците? Стих 12: 


“излегоа и проповедаа дека луѓето треба да се покајат. И изгонуваа многу демони, и многу болни помазуваа со масло и ги оздравуваа.“

Значи успеале! Му верувале на Бог и тој ѝм овозможил, па кога се вратиле кај Исус да му раскажат, голема толпа од луѓе се насобрала наоколу па во стих 31 Тој им кажа на учениците:


“Дојдете вие сами, на пусто место и починете си малку!”

Основно правило во службата е да се одмориш со Исус, но кога тие отишле на такво место виделе дека толпата луѓе е веќе таму на местото што значело дека одморот ќе почека овој пат. Стих 34:


“кога излезе од коработ, виде големо множество и се сожали за нив” 

Секогаш се воодушевувам на капацитетот за сочувство кое го имал Исус. Зборот сочувство значи “да се страда заедно“ - а Исус го правел токму тоа бидеки ги гледал потребите на луѓето и се грижел за нив, а ги научил и Неговите ученици да се грижат исто така. 


Како што ги поучувал Исус таму, подалеку од најблиското населено место, поминало многу време и многу луѓе веќе биле гладни поради што учениците Му предложиле да ги испрати луѓето да си одат дома, што звучи на најразумен потег, но во стих 37 читаме:


“А Тој одговори и рече: Дајте им вие да јадат!”

Види што се случува, учениците ја кажуваат потребата и дека немаат ни приближно доволно храна ниту пак имаат од каде да набават, а Исус ѝм кажува да ги нахранат.


Но присетисе на лекцијата која ја научија: за верата дека Бог ќе обезбеди независно од тоа дали имаат за сѐ или немаат ништо. Во стих 38 пишува:


“‘Колку лебови имате?’” ‘Одете и видете.’ И кога дознаа, кажаа, ‘Пет леба и две риби.’”

Тоа е доволно храна за неколку луѓе, а не за илијадници, но тогаш тие им кажаа на луѓето да седнат, па во стих 41 продолжува:


“ги зеде петте лебови и двете риби, погледна кон небото, благослови и ги раскрши лебовите, па им даваше на учениците да ги ставаат пред нив; и двете риби им ги раздели на сите.”

Чекај малце, застани тука и види внимателно, Исус се заблагодарил, ги раскршил лебовите и колку им даде на учениците да разделат? 


Стави се на нивно место, погледни ги твоите раце колку можат да соберат - половина леб можеби и малку риба, а погледни пред тебе - илијадници луѓе. Но кога Исус ќе каже да ги нахраниш - одиш и ги храниш. Стих 42:


“И сите јадеа и се наситија. И кренаа дванаесет кошници полни со лебни залаци, и од рибите. А оние кои јадеа леб, беа околу пет илјади мажи.“

Тоа е неверојатно и сеуште се случува во денешницата преку многу вистински приказни како оваа од службата на моите пријатели. Помош после ураганите на југ, храна за бедните во Мексико и за уште многу други ситуации во кои се појавува камион од некаде и таа мала залиха што ја има трае подолго од вообичаено. Оригинални чуда кои се случувале секогаш во време на потреба и секогаш во служба поради сочувство.


Додека читаше од Марко 6 и 7 глава гледаше за чудата кои Исус ги правел, но дали мислиш дека ги правел за да се покаже пред другите - или од сочувство? Дали ги поучува учениците Негови да прават чуда или да се грижат и помагаат во време кога потребата е поголема од тоа што тие можат да придонесат?


Јас научив многу оддамна дека јас не сум доволен, но мисионерството е служба за нешто поголемо од самите себе, нешто кое не можеме да го завршиме самостојно. 


Што мислиш ти? Дали имаш се што е потребно за да им помогнеш на тие луѓе? Не? Немам ни јас, но Исус кажа одете со празни раце или целосно полни, верувајте му на Бог... и почнете со играта.


За размислување и дискусија:

  • Што мислиш дека Исус ги поучувал учениците кога ги испратил без пари или кога им кажал да нахранат 5000 луѓе без да имаат доволно храна? Дали овие лекции се применливи во денешницата?
  • Какво е твоето искуство во служба на Бог при помагање на луѓето? Сподели ја твојата приказна.
  • Доколку би можел да направиш нешто за Бог, што би било тоа?

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те во...

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност