Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Започни од тука | Првите чекори со ИсусПримерок

Start Here | First Steps With Jesus

8 ДЕН ОД 15

Марко 14-15 | Крстот


Другари, добредојдовте повторно. Денес читајки ја Марко 14 глава ќе стигнеме до некои историски моменти каде ќе видиме како толпата со луѓе од Ерусалим се зголемува пред тајната вечера, се спрема заговор да се елиминира Исус од страна на еврејските водачи и додека расте сета таа тензија, ќе видиме како Исус ги носи Неговите ученици заедно да го прослават празникот пасха.



Додека учениците биле внесени во вечерата Исус ѝм соопштил дека еден од нив ќе го предаде што претставувало длабока рана за Исус поради тоа што Јуда во тие моменти седел заедно со Него на масата и Му бил пријател, но во стих 22 пишува, 



"И кога јадеа, зеде леб, благослови, го раскрши, им раздаде и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.” И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа.”

Ова го викаме причест, нешто што христијаните го почитуваат до ден денес и се сочинува од леб кој го претставува скршеното тело Христово на крстот и од вино кое ја претставува Неговата пролеана крв. Преку Неговата крв Исус поставува Нов завет - нова конекција помеѓу Бог и човекот - што значи дека причеста има длабока симболика и значење, но сега за сега доволно е само да го запомниме Исус.



Откако завршиле со оброкот, Јуда си заминал со злобна намера, а Исус се молел и ги одвел учениците во Гетсеманската градина која ѝм била во близина. 



Дошло полноќ, а полната месечина светела во темнината. Исус тргал настрана тројца од Неговите ученици и го споделил со нив тоа што му лежи на срце, 



“Мојата душа е нажалена до смрт; останете тука и бдејте!”

Ги замоли да се молат за Него и отиде насамо во молитва за да го замоли Неговиот Татко “ако е можно - да Го одмине тој час”. 



Кога се врати назад ги виде учениците заспани, па ги разбуди и повторно отиде да се моли. Кога се врати третиот пат, повторно ги начека заспани, но овој пат немаше повеќе време за молитва и спиење бидејки Јуда се појави со цел баталијон војници со што го исполни предавството. Тие Го заробија Исус и Го однесоа на суд пред првосвештеникот.



Така, на зајдисонце во Петок, Исус застана на суд пред првосвештеникот и во стих 56 пишува: 



“мнозина сведочеа лажно против Него, но сведоштвата не беа еднакви.“‭‭

Секакви обвинувања беа нафрлани против Исус, но во стих 61 читаме, 



"Тој молчеше и ништо не одговори. Првосвештеникот Го праша пак: „Ти ли си Христос, Синот на Благословениот?” А Исус рече: Јас сум...“

Ова беа единствените зборови кои првосвештеникот ги искористи за да го обвини Исус за богохулење - поради тоа што Тој тврдеше дека е Синот Божји.



Поради ова еврејските водачи го врзаа Исус и го однесоа пред Пилат, римскиот началник. Марко 15 глава стих 2 вели:



"Ти ли си Јудејскиот Цар?“

“А Исус му одговори и рече: „Ти велиш!”“

Уште еднаш го обвинија Исус, но Тој не ѝм одговори на прашањето. После сето распрашување, Тој одговори само на прашањето кој е Тој и само ова е важно. 



Пилат одбива да зароби невин човек бидејки обвинувањата немале никаква основа, но свештениците од друга страна се заканувале со бунт доколку не го стори тоа, па во стих 12 читаме, 



"Пилат пак одговори и им рече: „Тогаш, што да направам со Оној, Кого Го викате Јудејски Цар?”..." 

"Распнете го!..." 

"Зошто? Какво зло направил?..." 

Но тие одговорија уште погласно, "Распни го!"

По што Пилат потпаднал на притисоците и го препуштил Исус да го претепаат и изнесат од палатата со придружба на војници. Луѓето го исмевале, му ставиле круна од трње и лилакова наметка па го плукаа и тепаа, но Исус беше многу јасен кога ѝм даде до знаење кој е Тој, ама и на војниците ѝм беше јасно што сите други мислат на таа тема. 



Садистичката забава заврши со тоа што го однесоа Исус на Голгота, па во стих 24 гледаме



"...Го распнаа и ги разделија Неговите облеки, фрлајќи жрепка за нив - кој што да земе. А беше третиот час, кога Го распнаа.“

Распнувањето е доказ за човечката бесрамна суровост, една грозоморна казна за криминалот. Римјаните ја пишувале причината за таа казна на табла закована на врвот од крстот, а на Исусовата табла пишуваше: “Кралот на Евреите“.



Три часа поминаа во неверојатна болка, па во стих 33 читаме:



“А во шестиот час, настана темнина по сета земја, до деветтиот час.”

Да се навратиме назад во историјата за момент и да замислиме како било во тој темен момент, да ги слушаме луѓето како се подбиваат со Исус, како жената плаче и да ја видиме ладнокрвноста на стражарите, а пред тебе човек на крстот со табла над главата на која што пишува “Кралот на евреите.“



Да се замислиш кој е овој човек?



Додека стоиш таму и се чудиш, во стих 37 пишува дека се случило ова: 



“Исус викна со силен глас и издивна. И храмската завеса се расцепи надве, одозгора до долу. А кога виде стотникот, кој стоеше спроти Него, дека така издивна, рече: „Навистина, Овој човек беше Божји Син!”“

Откако сѐ завршило, Пилат испратил уште еден војник да се осигура дека Исус е мртов со тоа што го прободе со копје. Кој и да е, немало да го преживее ова и како што тргна војникот назад да си замине, еден странец го сопрел да го праша, “Што мислиш кој беше Тој?”



Што би одговорил ти на ова прашање кога би ти го поставиле на тебе? Кој беше Исус?



За размислување и дискусија:



  • Зошто мислиш дека Исус одговорил само на прашањето за Неговиот идентитет за време на судењето? Зошто сметаш дека е ова толку важно?

  • Што значи за тебе распнувањето на Исус? Сподели го твоето мислење.

Свето Писмо

Ден 7Ден 9

Опис за овој план

Start Here | First Steps With Jesus

Доколку си во почетна фаза на запознавање на Исус и на Библијата или само му помагаш на некој пријател кој се наоѓа на ваква позиција - можеш да започнеш од тука. Во следните 15 дена овие 5-минутни звучни пораки ќе те во...

More

Би сакале да се заблагодариме на Тру д Ворд што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://throughtheword.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност