Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 1

1
Улогата на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Лк 3,1-18; Јн 1,19-28)
1 # 3,11; 5,7; 10,29; 13,10; 14,9.61-62; 15,39 Почеток од Евангелието на Исус Христос, Син Божји. 2#2 Мојс 23,20; Мал 3,1Како што е напишано кај проро­к Исаија: „Еве, Јас го испраќам пред ли­цето Твое Мојот ангел, кој ќе го при­готви Твојот пат пред Тебе: 3#Ис 40,3; Јн 1,23‚Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господ, из­рамнете ги патеките Негови.‘“ 4#Изреки 28,13; Мт 3,1-2; Лк 18,13-14; Дела 13,24Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите. 5#3 Мојс 5,5-6; 26,40; Мт 3,6И доаѓаа кај него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и тој ги крш­та­ва­ше сите во реката Јордан, а тие ги ис­по­ведаа своите гревови. 6А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и се хранеше со скакулци и див мед. 7#Дела 13,25Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги од­вр­зам ремењата од обувките Негови. 8#Мт 3,11; Дела 1,5Јас ве крстив со вода, а Тој ќе ве крс­ти со Дух Свети.“
Исусовото крштавање
(Мт 3,13; Лк 3,21-22)
9А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан. 10#Ис 11,2; 42,1; 63,11И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. 11#9,7; 1 Мојс 22,2И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“
Исусовото искушување во пустината
(Мт 4,1-11; Лк 4,1-13)
12Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината. 13#4,15; Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 13,27; Рим 16,20; 1 Сол 2,18; 2 Сол 2,9И беше таму, во пустината, че­ти­ри­е­сет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
Исус го проповеда Евангелието во Галилеја
(Мт 4,12-17; Лк 4,14-15)
14 # Мт 4,12; Рим 1,1; 15,16 А потоа, откако Јован беше зат­во­рен, дојде Исус во Галилеја и ја про­по­ведаше радосната вест за царството Божјо, 15#Мт 3,2; Гал 4,4; Ефес 1,10и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.“
Повик до четирите рибари
(Мт 4,18-22; Лк 5,1-3.10-11)
16 # 1,29; Јн 1,40-41 И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус го виде Симон и брат му Ан­дреј како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари. 17#Мт 13,47-50Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“ 18#Мт 19,27И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 19#1,29; 3,17; 10,35Па, штом одмина малку, го виде Ја­ков Заведеев и брат му Јован, исто така во кораб како ги крпат мрежите свои; 20веднаш ги повика и нив. И тие, ос­тавајќи го татка си Заведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
Исус во Капернаум
(Лк 4,31-37)
21 # 6,2; Лк 4,16 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поу­чуваше. 22#6,2; 11,18; Мт 7,28-29И се чудеа на Неговата наука, заш­то Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците. 23#5,2Имаше во синагогата нивна човек со нечист дух, и извика, говорејќи: 24#Мт 2,23; 8,29; Лк 4,34; Јн 6,69; Дела 3,14; 4,27.30„Што имаш Ти со нас, Исусе од На­зарет! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!“ 25#7,36; 9,9.25; Лк 4,39.41Но Исус му заповеда, велејќи: „Молкни и излези од него!“ 26Тогаш го стресе нечистиот дух, па извика со силен глас и излезе од него. 27#1,22; 10,24И сите се стресоа од ужас, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Што е ова!? Ново учење со власт; Тој и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат!“ 28И одеднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.
Исцелување на тештата на Симон
(Мт 8,14-17; Лк 4,38-39)
29 # 13,3 Штом излегоа од синагогата, дојдоа со Јаков и Јован во куќата на Симон и Андреј. 30#Јн 4,52; Дела 28,8А тештата на Симон лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа. 31Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и ги служеше.
Исус исцелува мнозина
(Мт 4,24; 8,16-17; Лк 4,40-41)
32 # Мт 8,16; Лк 4,40 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесуваа секакви болни и бесомачни. 33И целиот град се беше собрал пред портата. 34#1,25; 3,12И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу демони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја.
Исус во Галилеја
(Мт 4,23; Лк 4,42-44)
35 # Мт 14,13.23; 26,36; Лк 3,21 А утредента, во темни зори, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше. 36А Симон, и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат; 37#Лк 8,40па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ 38#Лк 4,43; Јн 18,37А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, зашто затоа сум дошол.“ 39#Мт 4,23И проповедаше во нивните синагоги.
Исус исцелува лепрозен
(Мт 8,1-4; Лк 5,12-16)
40 # 3 Мојс 13,45; Мт 17,14 И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 41#5,30; 8,2; 9,22; Мт 9,36; 18,27; Лк 7,13; 10,33; 15,20Смилувајќи се, Исус протегна рака, се допре до него и му рече: „Сакам! Очисти се!“ 42И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист; 43#Мт 9,30откако му за­по­веда, го отпушти, 44#1,25.34; 3 Мојс 14,2-32; Лк 17,14и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за очистува­ње, како што заповедал Мојсеј – ним за сведоштво.“ 45А тој, штом излезе, почна да рас­ка­жува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во гра­дот, а се задржуваше надвор, во оса­ме­ни места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

Селектирано:

Марко 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност