Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

7 ДЕН ОД 7


Да се ​​живее во сегашниот момент може да биде тешко. Tешко е едноставно да уживаш денес, во тоа што го имаме денес и со оние со кои живееме денес. Имаме толку многу барања за нашето внимание, барања на термин во нашите распореди и барања за нашата ментална сила. На моменти, можеби се чини невозможно денес да се концентрираме, бидејќи утрешните грижи веќе се наметнуваат врз нас.


Исус ни кажа нешто радикално - рече да не се грижиме за утре. Во Матеј 6:34 Исус ни кажува дека ќе нè опреми да се справиме само со денешната неволја—не утрешната, не таа од следната недела или следниот месец.


Некои денови се потешки од другите. Лесно е за мене да не се грижам за утре кога „утре“ е опуштена сабота. Но, станува многу потешко кога утре е ден кога имам важен состанок (или закажан термин на забар!)

.

Кога се грижиме за утре и за тоа што утрешниот ден би можел да донесе, ние се обидуваме да контролираме нешто што всушност е под Негова контрола, а не наша. Ако сме искрени со самите себе, навистина не знаеме што може да се случи утре. Ние дури и не знаеме што ќе се случи подоцна во текот на денешниот ден! Сепак, можеме да го знаеме Оној кој го контролира денешниот ден. И утрешниот. И вечноста.


Одвој време денес да се одмориш во овој факт. Искуси го и уживај во овој момент, во овој ден, знаејќи дека Бог ги држи во своите раце и денес и утре. Дозволи Неговиот мир да го направи „денешниот ден“ значаен.


Кејси Кејс
Раководител на поддршка во YouVersion


Свето Писмо

Ден 6

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогна...

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност