Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

3 ДЕН ОД 7


Неспокојот може да изгледа непредвидлив. Во еден момент сè е во ред, а следниот те преплавуваат исцрпувачки бранови на емоционален и ментален хаос. Тогаш земаш длабок здив. Ги затвораш очите. Ги применуваш физичките вежби за опуштање кои ги имаш научено за во ситуации на неспокој. Но, вознемиреноста не влијае врз нас само физички. Таа зафаќа сè.


Затоа треба да ги комбинираме нашите физички реакции со духовните вистини кои ни помагаат да го смениме фокусот. Нашите мисли треба да се смират. Библијата ни помага да ги наштелуваме и смириме нашите срца.


Прво мора да се наоружаме со Светото Писмо додека сме при здрав ум, за да сме подготвени за борба кога ќе дојде нападот. Запомни ги стиховите од Светото Писмо кои можеш да ги користиш како оружје кога ќе надојдат брановите на вознемиреност. Овие стихови нè потсетуваат на вистината за Бог и ни го насочуваат погледот подалеку од оние работи кои можат да нѐ одведат во темни места.


Исаија 12:2 вели дека можеме да Му веруваме на Бог дека ќе нè спаси и дека не треба да се плашиме. Колку е моќно тоа? Не треба да се плашиме. Можеме да Му веруваме на Бог. Тој ќе нè спаси. Тој е Господ. Тој е над сè друго и може да нè избави, без разлика колку далеку сметаме дека сме залутале. Тој е и таму.


Кога ќе ги наполниме нашите умови со вакви изјави, Му дозволуваме на Бог да го тргне товарот од нашите оптоварени срца и да ни даде одмор. Овие изјави исто така ни даваат сила да се бориме и да ги победиме битките што ги водиме.


Повторувај ги овие искази сè додека не почувствуваш дека брановите на вознемиреност заминуваат, бидејќи повторувањето на вистината нè ослободува од лагите на вознемиреноста.


Бог сака на овој начин да зависиме од Него. Не мора да чекаме на трауматизирана ментална борба па тогаш да размислуваме за Неговото Слово. Верувам дека кога моите мисли се насочени кон вистината на Светото Писмо, предизвикувачите на вознемиреност што ме преплавуваа, имаат сѐ помалку и помалку моќ (види во Римјаните 8:6).


Отиди кај Бог преку Неговото Слово. Дозволи Му да ги преземе твоите мисли и да те опорави од вознемиреноста која ти се наталожила под површината. Одлучи да Му ги предадеш стравовите. Верувај Му за да те спаси.


Џесика Пеник
Менаџер за содржини во YouVersion


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогна...

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност