Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

1 ДЕН ОД 7


Без разлика дали е поради финансиски тешкотии, затегнати врски или преоптоварување на работното место, вознемиреноста може да навлезе во нашите животи во многу форми. Таа може да се појави како едно општо чувство на непријатност во текот на денот, како немирна и непроспиена ноќ или како целосен напад на неспокој.


Ако си христијанин кој доживува вознемиреност, една од првите работи што може да ги чувствуваш е вината. „Треба ли да се чувствувам вака ако навистина сум христијанин?“ е мисла која можеби честопати ќе ти падне на памет. Во денешниот стих, во Псалм 55:22, писателот ни кажува да му ги предадеме на Господ нашите товари, и Тој ќе се погрижи за нас.


Забележи дека овој стих не ни кажува дека треба целосно да го разбереме животот. Ниту, пак, вели дека нема да доживееме вознемиреност. Наместо тоа, вели дека кога имаме тешкотии да ги предадеме на Господ.


Еве ја добрата вест: ти си на пат да го направиш тоа! Со тоа што го читаш овој библиски план, потврдуваш дека не можеш со свои сили да ја надминеш вознемиреноста, туку дека ти е потребна помош од твојот небесен Татко. Без оглед на твоите околности, одлично е да се биде во таа состојба—да трчаш кон Бог.


Денес те предизвикувам: направи уште еден чекор напред со тоа што ќе му ги дадеш на Господ своите оптоварувања. Еве неколку идеи:


  • Помини пет минути во молитва и кажи му на Бог за што се грижиш.
  • Напиши во твојот дневник како се чувствуваш и како тоа влијае врз тебе.
  • Сретни се со христијански пријател во кого имаш доверба и кажи му за тоа што те вознемирува.
     

Џордан Висман
Стратег за медиуми во YouVersion


Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогна...

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност