Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

7 работи што Библијата ги вели за неспокојПримерок

7 Things The Bible Says About Anxiety

6 ДЕН ОД 7


Во животот, ќе имаш проблеми. Поради нашата грешна природа и поради сплетките на непријателот, неволјите се насекаде околу нас. Не треба да се изненадуваме кога имаме неволји. Исус јасно рече дека ќе ги имаме во овој свет. Зошто го рече тоа? Затоа што Тој е искрен и затоа што нè сака. Подготвувајќи нè однапред, Исус ни помага да ги избегнеме сомнежот и стравот кога ќе бидеме во тешки периоди.


Исус ни покажа како изгледа понизната послушност. Тој беше послушен во време на многу потешки ситуации отколку што некогаш ние ќе доживееме - дури и до смрт на крстот. И сега Тој седи на десната страна на Бог Отецот, застапувајќи се за нас. Затоа, можеме да најдеме утеха знаејќи дека имаме пријател кој сочувствува со нашите слабости.


Можеме да се радуваме кога знаеме дека секое тешко патување нè приближува до Христос и неговото вечно царство. Ова е нашата надеж: Исус Христос засекогаш ги победи гревот и смртта. Смртта не можеше да го задржи, гробот не можеше да го содржи, силата на гревот не можеше да го победи, а темнината не можеше да го надвладее!


Тоа што Исус го изврши на крстот нам ни овозможи да бидеме деца Божји, но ние исто така можеме да го надминеме гревот. Исус го освои светот - и тоа ја вклучува секоја тешка ситуација во него. Затоа, сега можеме да се радуваме во нашиот вечен дом со Исус.


Џејкоб Аленвуд
Веб програмер во YouVersion


Свето Писмо

Ден 5Ден 7

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Anxiety

Секој ден има потенцијал да донесе нови и сложени предизвици во нашите животи. Исто така, секој нов ден може да ни даде нови и возбудливи можности. Во овој седумдневен план, членовите на тимот на YouVersion ќе ти помогна...

More

Овој план беше напишан и овозможен од тимот на YouVersion. Посети ја youversion.com за повеќе информации.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност