Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

6 ДЕН ОД 7


“Што сакаш ти?” Мојот поранешен сопруг ми го постави прашањево во моментите кога ни се распаѓаше бракот. “Сакам да направиш нешто што ниту еден маж не го направил до сега… сакам да се бориш за мене.” Ми трепереше гласот додека зборував.  


Додека се снаоѓав и справував со предизвиците како самохрана мајка, обично осамена, почувствував како Бог ми го поставува истото прашање одново и одново неколку години по ред “Што сакаш?“ Немав одговор. Се чудев дали навистина е важно тоа што го посакувам јас? 


Јас ја криев сета моја желба и страст позади тешка мантра што звучеше предобро “да биде твојата волја, не мојата“.


Иако предавањето себеси на Божјата волја е добра работа, ми требаше многу време да разберам дека Бог не очекува јас да бидам пасивна соучесничка- туку дека Тој го сака моето срце. Тој не бара да бидеме робови кои извршуваат команди поради тоа што мораат или се присилени, туку бара ќерки и синови кои му одговараат поради тоа што негуваат интимна врска со Него. 


Сум слушнала како кажуваат дека, “Добро е да посакуваш нешто добро за себе. Така се прави ехото преку кое произлегуваат нови чуда.”


Бог се грижи за нашите соништа и се грижи за желбите што ги имаме во срцето. Ако му дозволиме, тој ќе нѐ спроведе низ време во чекање за да ја изгради нашата вера и да нѐ доближи поблизу до Него преку споделување на нашите желби. Ако ги споделиме нашите соништа со Бог, не значи дека ќе добиеме сѐ што ќе посакаме. Тој не ни е дедо мраз, но самата пракса на споделување на нашите желби со Него нѐ зближува.


Можеш ли да замислиш како би изгледало пријателството или бракот во кој другиот не ги споделува своите желби и соништа со тебе? Мислам дека би се чувствувале многу неповрзани и вашата врска би била плитка. Праксата на споделување на нашите потреби и желби иако е ранлива, таа ја продлабочува врската со Бог и со луѓето.


Што се однесува до мене, после толку години поминати во негирање на својот сон во кој седиме со фамилијата, конечно Му кажав на Бог што сакам. Сакав да се омажам уште еднаш. Сакав да најдам некој со кого би можела да ги споделувам моите соништа и визии, моите одговорности и предизвици, радост и смеа и солзи.


Времето на чекање продолжи, а преку тоа исчекување Бог продолжи со исцеление и ме поучуваше за тоа како изгледаат врски со сигурни луѓе во кои љубовта е возвратена. Јас исто така растев во верата и уверувањето дека Бог е добар. Дека може да се има доверба во Неговиот карактер. Неговите планови се добри, Тој ми покажа дека моменталните околности во животот не ги менуваат овие факти. Тој ме научи да бидам цврсто уверена во овие вистини дури и во моментите кога не гледав никакви показатели дека е тоа така.


Што ти сакаш? 


Исус во писмото им го поставува ова прашање во различни варијанти на луѓето со кои се соочува и јас сум длабоко уверена дека ти го поставува и на тебе. Те охрабрувам да истражуваш повеќе за да можеш да дојдеш до одговорот на ова прашање и да го споделиш со Него. Ти можеш да му ги довериш желбите на твоето срце.


Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност