Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

2 ДЕН ОД 7


Го прославив првиот ден на мајката - ден кој замислував дека ќе биде исполнет со цвекиња, блескави моменти и чувства, наместо тоа, тој беше загаден со исповедите на мојот сопруг кои водеа до прекин на брачниот живот. Бев истрауматизирана и тажна и не бев во состојба да бидам родител во следните 24 часа, па моите добри пријатели се смилуваа и ја зедоа ќерка ми да престојува кај нив една вечер. 


Следниот ден кога отидов да си ја земам, седнав и исплакав еден вир од солзи во нивната дневна соба, целата исполнета со тага си мислев како “јас бев негова невеста, си дадовме завети и требаше да ги пораснеме децата и заедно да одгледаме внуци. Требаше да остареме заедно.” 


Другарката внимателно ме ислуша и ми кажа: “Хармони, мене сето ова ми звучи како да ти самата си створила слика во главата како треба да изгледа твојот живот, знам дека е тешко да го слушнеш ова, но мислам дека е време да го предадеш платното и да Му веруваш на Бог дека ќе нацрта нешто подобро на него”.


Имаше право. Јас не жалев само за тоа каков ми е животот моментално, туку жалев и за животот што си замислував дека треба да го имам. Значи дупла жалост. Повеќето од нас сме поминале време замислувајки како би изгледале нашите животи, си ја создаваме идеалната слика за бракот, децата, кариерите, пријателствата а понекогаш и за времето во кое треба овие нешта да се остварат. 


Да се има визија е добра работа, но што се случува кога нашите соништа и очекувања не се исполнети или се пресечени од некои разочарувања што се случуваат во животот како на пример смрт на некој близок, распаѓање на бракот или пропаѓање на кариерата? Како би реагирале? Дали почнуваме да му се лутиме и сме огорчени према Бог? Дали се заветуваме дека нема да сонуваме повеќе поради тоа што болката е преголема доколку очекувањата не се исполнети или сме помирени со тоа да го предадеме на Него сето она што цврсто го држиме во рацете, за Тој да ја нацрта нашата слика?


Јас имав нацртано слика за тоа како би сакала да изгледа мојот живот, но дознав дека нацртаното на моето платно не е во согласност со крајната слика која Бог ја црта за мене.


Фантазијата може да прерасне во идолопоклонство. Ова се случува кога цврсто веруваме во сликата која нашиот ум ја создал од причина што многу е полесно да веруваме во нешто што го гледаме и можеме да го контролираме наместо да го предадеме на Бог кој не го гледаме или контролираме.


Вистинската врска и интимност може да нѐ исплаши исто како што и исцелувањето може да изгледа страшно. Да се движиш со Бог по овие непознати патеки бара незамислива вера и храброст, но Бог, нашиот Бог сака да те поведе со Него на ова патување. Тој ќе ги израмни твоите патеки и ќе ги осветли темните места.


Доколку дозволиш Божјата светлина да навлезе во твоето срце, ќе овозможиш јасно да се види кој е вистинскиот предизвикател за твојата болка, со цел да започне исцелението. Во тој момент ќе видиш што точно е тоа што те придвижило кон барање на бегство преку фантазирање. Само тогаш ќе можеш да го предадеш платното на твојот живот на нашиот добар Бог, со сигурност дека Тој може да нацрта многу повеќе од тоа што можеш да побараш или замислиш!


Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност