Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

5 ДЕН ОД 7


Едно убаво Саботно утро гледав како мојата 3-годишна ќерка си спие мирно. Со душа чекав да се разбуди за да ја изненадам со нејзиниот омилен доручек и да ја однесам во кино и на сладолед.   


Нежно и ја поместив косата од челото и почнав да и ги галам обравчињата шепотејки и на увце “спанка, разбуди се“.   


Одеднаш, нејзините рачиња и ноџиња се потресоа и почна вресокот. „Неее! Не сакам да се разбудам“ врескаше жестоко. Нејзиното ангелско лице целото се збрчка и веднаш поцрвене.


Ми потона срцето. Покрај тоа што бев потресена од нејзината лутина, јас бев длабоко разочарана поради тоа што знаев дека нема да можеме да уживаме во денот така како што си замислив. 


Ќерка ми сакаше да си спие во креветчето каде што си лежеше, таму и беше удобно да си сонува. Поради протестирањето таа пропушти нешто многу убаво. Нема шанси после ова да ја однесам надвор на забава и да ја наградам за врискањето. Да знаеше што имав наумено можеби ќе се однесуваше малку поинаку? Дали доколку веруваше дека имам убав план, доколку ми веруваше на мене, ќе реагираше поинаку? 


Си седам и си мислам дали некогаш сум пропуштила нешто добро што Бог го наумил за мене, од причина што сум сакала да уживам во удобноста таму каде што сум. Фокусирана на тоа што јас сакам да го правам. 


Понекогаш мислиме дека она што го посакуваме е тоа што ни е потребно, но доколку навистина веруваме дека Бог е добар и веруваме дека Неговиот план е добар, сигурно би биле послушни и би го следеле дури и кога тоа ги пореметува нашите планови и нѐ исфрла од удобноста во која живееме, би го следеле дури и по цена да треба да ги запоставиме нашите врски, нашите навики или да заборавиме на болката која ја чувствуваме.   


Довербата е основа на верата—да имаш вера во Бог значи целосно да веруваш во Неговиот план дури и кога немаш капацитет да го разбереш. Довербата е основа и на Божјиот план за нашите животи. Верата во Бог ми даде стабилност во моментите кога се чувствував дека животот ми се распаѓа. 


"Разбуди се мила, отвори ги очите и дојди со меме. Имам смислено многу добар план за тебе, но за да го доживееш не може да останеш таму каде што си. Време е да продолжиш понатаму, љубов моја." 


Јас сум длабоко уверена дека Бог има замислено план за тебе кој е многу подобар од што можеш да замислиш. План кој вклучува обнова, откуп на сѐ што било изгубено или одземено од тебе. Прашањето е дали сме доволно верни за да го следиме?  


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност