Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Спасени соништаПримерок

Dreams Redeemed

3 ДЕН ОД 7


Верата не нѐ прави имуни на животните потешкотии. Може да има ситуации на откази од работа, скршени срца или прерано починати блиски луѓе. 


Има и моменти во кои треба да чекаме (долго, долго) за да се исполнат нашите соништа или пак да вродат со некаков плод. Можеби сонуваш да добиеш дете, сопруга или да биде обновена некоја врска, некој твој близок да се ослободи од зависноста или да направиш пауза од кариерата. Што и да очекуваш, твоето срце копнее за тоа што моментално го немаш и понекогаш копнее толку долго време што е разнишана целата надеж, а и можеби треба да престанеш да сонуваш само за да ја спречиш болката. 


Бог се грижи за нашите соништа, всушност Тој ги става “Неговите соништа“ во секое срце посебно, но доколку посакувам да сонувам повеќе од тоа што Бог го замислил, Оној кој ги дава соништата, тогаш сонот би постанал мој идол. 


Уште во времето кога бев на 2 годишна возраст сакав да станам позната актерка. Со часови поминував пред огледало имитирајки некакви карактери, но моментот на злоупотреба и експлоатација ме избутка од патот до исполнување на моите соништа. Од моментот кога започнав да живеам со Исус, се одлучив уште еднаш да се обидам со градење на кариера како актерка.


Јас закажував работни задачи и си поминував одлично во моментите кога ја градев моменталната кариера, но кратко време ми требаше за да сфатам дека Бог има различен сон за тоа како треба да изгледа мојот живот.


Искрено, мојата желба да станам глумица потекнуваше од желбата да се почувствувам важна, а Бог сакаше да ја пронајдам својата вредност преку Него, а не преку препознавањето и вниманието што би го добила како глумица. Исто така започнав да разбирам дека Тој сакаше да ја употреби мојата болка од минатото за добро што ќе ми донесе надеж и ќе ме ослободи од мислењата на други луѓе. 


Во 2003 се одлучив да го следам Божјиот сон за мене, ја основав организацијата “Богатства“ која досегнува и помага на жртви од сексуално насилство и трговија со луѓе. Секојдневно започнав да гледам какво влијание има одлуката да го следам сонот кој Бог го има за мене врз мојот живот, но доколку продолжев да се држам до мојот сон да станам глумица или во полош случај тој сон да постане мој идол, јас ќе го пропуштев Божјиот сон! 


Бог се грижи за нас и се грижи за нашите соништа. Тој се грижи доволно за да нѐ усмери во различен правец од правецот кој сметаме дека е добар за нас, со цел да нѐ однесе до местото каде што Тој сака да бидеме.


Постои еден Божји сон за начинот на кој треба да го живееш животот. Тоа може да биде нешто кон кое веќе целиш, или може да биде нешто тотално неочекувано. Верувам дека се додека ги држиме нашите планови и соништа со отворени раце, верувајки му целосно во процесот, Тој ќе те води до она специјално нешто кое Тој го има за тебе. 


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Dreams Redeemed

Како реагираме кога нашите соништа нѝ изгледаат неостварливи или кога се уништени? Многу пати сум се соочил со ова прашање посебно во моментите кога поминував низ злоупотреба, трауматични периоди, разочараност од љубовта...

More

Би сакале да се заблагодариме на Хармони Грило (Јас сум богатство) што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://harmonygrillo.com/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност