Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Банкини: Одбегнување на разочарувањата во живототПримерок

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

5 ДЕН ОД 5

Дома или на работа, како дел од друштвото или семејството, сме научиле како да го контролираме и прилагодуваме нашето однесување. Исправи се. Речи те молам. Носи го ова. Направи така.



Но, понекогаш, знаеме да направиме или кажеме работи кои немаат никаква смисла. Како нешто да се прелеало - можеби лут испад или горчлива забелешка. Можеби дури и ќе речеме: „Не знам од каде доаѓа!“



Но, знаеме од каде доаѓа, ако сме искрени и доволно смели за да се соочиме со тоа. Доаѓа од нас. И Исус и кралот Соломон ни кажуваат дека проблемот е во нашите срца.



Потребни ни се банкини во нашите срца. Затоа што, на крајот, нашето однесување (однадвор) ќе го одразува она што се случува внатре.



Постојат четири емоции кои би требало да ја алармираат нашата совест. Тие треба да предизвикаат да паузираме и да си погледнеме внатре за да видеме што се случува во нашите срца. Тоа се вина, лутина, алчност и љубомора.



Вината вели: „Ти должам.“ Јас ти должам нешто затоа што зедов нешто од тебе. Како одговор на вината, признај го тоа. Признај ѝ на личноста; изнеси го на виделина тоа што ти создава вина.



Лутината вели: „Ми должиш.“ Ме повреди или зеде нешто од мене. Како одговор на гневот, опрости. Опрости на личноста што ти е должна. Ослободи ја од лутината.



Алчноста вели: „Си должам себеси.“ Алчноста е претпоставката дека сè е за моја лична потрошувачка. Како одговор на алчноста, подари. Стани дарежлив дарител. Без да бараш нешто за возврат.



Љубомората вели: „Животот ми должи.“ Некој друг доби нешто/некого што јас го заслужувам. Како одговор на љубомората, воздигни ја другата личност. Напиши ѝ порака. Дај ѝ комплимент токму за таа работа за која имаш љубомора.



Кога се навраќаме на овие емотивни заштитници (банкини), треба да обрнеме внимание. Тие нè предупредуваат за опасност. Ако го игнорираш предупредувањето, каењето и разочарувањето ќе те чекаат на другата страна.



Ако ти се допадна овој план, погледни ги петте видео пораки на Енди Стенли за банкините - плус десетици други бесплатни видеа за проучување на Библијата - на http://anthology.study.


Ден 4

Опис за овој план

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Шт...

More

Би сакале да се заблагодариме на North Point Ministries и Енди Стенли за овој план. За повеќе информации, види: https://www.anthology.study/anthology-app

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност