Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Банкини: Одбегнување на разочарувањата во живототПримерок

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

2 ДЕН ОД 5

Нашите најголеми разочарувања се најчесто поврзани со луѓето кои сме ги сметале за наши пријатели. Може да се тоа колеги, соученици или бивши дечковци/девојки. Може да е група на пријатели, за кои посакуваш никогаш да ги немаше запознаено. Дури и сега да си сам/а, шансите се дека твоите најголеми разочарувања израснале од некаква врска.



Овие лоши пријателства нè имаат научено (честопати на потешкиот начин) дека луѓето со кои поминуваме време влијаат врз нашата иднина. Ова е причината зошто ни требаат банкини и во врски.



Соломон, еден од најмудрите луѓе што некогаш живеел, напишал: „Одете со мудрите и станете мудри“. Со други зборови, мудроста е заразна. Живејте помеѓу мудри и со тек на време ќе станете мудри. Тоа се случува автоматски.



А има и втор дел: „... зашто придружник на неразумни претрпува штета“. Кога се дружиш со неразумни, ги претрпуваш и последиците од нивните лоши одлуки. Некој шрапнел ќе те погоди и тебе. Твојoт углед е уништен како неговиот. Те отпуштаат од работа исто како неа. Следниот пат нема да те поканат.



Банкините во врските и релациите со луѓето, ни помагаат да ги избегнеме „последиците од глупавоста“.



Така што, кога станува збор за пријателствата, има три сообраќајни знаци покрај банкината кои нѐ предупредуваат. Кога и да приметиш еден од нив, дозволи да повлијае на твојата совест пред да претрпиш штета.



1. Се фаќаш себеси како се преправаш дека си нешто друго од тоа што навистина си.



2. Нешто што никогаш порано не ти било искушение, сега е нешто што го размислуваш.



3. Се надеваш дека луѓето кои ти се драги не знаат каде точно се наоѓаш.



Запомни, овие знаци не се наменети за да прогласат нешто (или некого) за исправно или погрешно. Тие имаат за цел да те водат назад кон мудроста. Размисли дали некои од твоите пријателства се движат кон зоната на опасност? На кој сообраќаен знак се спротивставуваш и што ќе направиш во врска со тоа?


Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Шт...

More

Би сакале да се заблагодариме на North Point Ministries и Енди Стенли за овој план. За повеќе информации, види: https://www.anthology.study/anthology-app

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност