Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Банкини: Одбегнување на разочарувањата во живототПримерок

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

4 ДЕН ОД 5

Ако помислиш за финансиски банкини, можеби ќе мислиш на тоа да останеш надвор од долгови. Добро е да бидеш без финансиски долгови, но според Исус, може да имаш нула долг и многу пари во банка а сепак да бидеш во финансиска дупка. Интригирачки, нели? Продолжи да читаш.



Во денешните стихови од Матеј, Исус вели дека сите ние сме под власт (или во сопственост) од некој или нешто. Тој ни дава две неочекувани опции: Бог или пари. Повеќето од нас очекуваат Тој да рече дека можеме да служиме на Бог или на Сатаната. Но, Исус рече дека неговиот главен конкурент се парите.



Во суштина, тој го постави прашањето: Дали ти ги поседуваш парите или парите те поседуваат тебе?



Без финансиски банкини, повеќето од нас ќе завршат во една од двете дупки. Или ќе пропаднеме во амбисот поради трошење или ќе се срушиме од штедење. Едното е неконтролирана желба да се живее по принципот: купи, надгради, повтори. Другото е неконтролиран страв: Што ако немам доволно? Што ако тоа ми се случи мене?



Во двата случаи, парите се наш господар. Трчаме по нив за да можеме да ги конзумираме сега. Или ги бараме за да можеме да заштедиме и да ги консумираме подоцна.



Потребна ни е финансиска банкина што го прави Господ да биде нашиот господар. И тоа е токму она што го наоѓаме во Матеј 6:33, најавено на крајот на долгиот разговор за тоа како треба да ги гледаме и да ги користиме нашите пари. Само пет зборови: „најнапред побарај го Неговото царство“.



Божјото царство е царство во кое предност имаат другите. Или, користејќи ги истите зборови од вчера: во Божјото царство, најдоброто што може да се направи е она што е најдобро за другите луѓе. Банкината што ќе нè држи надвор од провалиите на трошење и заштеда, е да ги ставиме другите на прво место во нашите финансии.



Најпрво дај им на другите. Потоа, заштеди за својата иднина. На крај, живеј од остатокот.



Прво давај. Второ штеди. Живеј со останатото.



И, тука се добрите вести за оваа банкина: може да биде автоматска. Откако ќе пронајдеш некоја организација или причина, цел која ти е важна и ќе поставиш систем на донирање, оваа банкина ќе ги одржува финансиите на добар пат без никаков дополнителен напор или размислување.


Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Guardrails: Avoiding Regrets In Your Life

На патот се ставаат банкини или заштитни огради за да ги спречат возилата од скренување во опасни или незаштитени подрачја. Честопати не ги приметуваме, сè додека не ни притребаат и тогаш сме благодарни што биле таму. Шт...

More

Би сакале да се заблагодариме на North Point Ministries и Енди Стенли за овој план. За повеќе информации, види: https://www.anthology.study/anthology-app

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност