Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Патувањето на АвакумПримерок

Habakkuk's Journey

6 ДЕН ОД 6

"Верување во Бог - продолжување"



Мисли од авторот:

1. Што сѐ опфаќа темата во оваа глава? Темата ја опфаќа моќта и силата Божја.



Откако Авакум заврши со испрашување, беше во исчекување, за на крај да го прославува Бог. Тој разбра дека Бог има план и дека Тој е единствениот кој може да го изврши. Како што поминува животот, ќе се сретнеме со многу слични сценарија за кои ќе треба да одлучиме како да се справиме со нив. Како суштества создадени по Божјиот лик со дарот на слобода на одлучување, имаме способност да делуваме на разни начини, но на крај најважно е дека Тој бара да му веруваме на Него.



Понекогаш Бог ќе дозволи некоја ситуација да ги надмине нашите можности, за кога ќе ни помогне да ја ставиме во ред, да знаеме дека сме помогнати од Него и со тоа, ја потврдува Неговата љубов према нас и нѐ потсетува дека дури иако ни изгледа дека сме сами на патот, Бог никогаш не нѐ заборавил, ниту ќе нѐ заборави.



2. Какво значење има “селах“ и како да реагираме на тоа?



Селах е еден од оние зборови во Библијата што предизвикал размислување кај многу ученици. Факт е дека, невозможно е да се знае целосното значење на зборот бидејки не постои буквален директен превод. Земајки го ова во предвид, постои комплетно испитување за контекстот во кој зборот бил употребуван со цел да се разбере неговото вистинско значење, па ако се фокусираме на контекстите во кои е употребуван, се верува дека дека има исто значење како и музичкиот термин, “пауза.“



Ако размислиш за каде да го употребиш, најправилно место би било местото каде што треба да кажеш “одмор“; состојба на пауза. Ова е момент за размислување, впиј го ова што го прочита и обрни внимание на зборовите. Има нешто многу важно наведено во овој момент, за што авторот сака да се осигура дека ќе имаш доволно време да го примиш.



3. Ако размислиш за опфатноста на темата: Што сака Авакум да пренесе на читателот?



Авакум на свој начин сака да му ја прикаже на читателот важноста да разбереме кој е всушност Бог. Да го разбереме Бог и Неговата бескрајна мудрост, моќ и љубов значи да знаеме на кого треба да му ја дадеме нашата целосна доверба. Лесно е да се двоумиме за она што Бог го прави и тешко е целосно да веруваме дека Тој знае точно како делува. Ние како смртници не можеме да имаме целосен увид во минатото, сегашноста и иднината, поради тоа засрамено престануваме да веруваме дека Бог има контрола над сѐ што се случува. Нормално е да се двоумиме и да имаме неспокој, верата доаѓа до израз во оваа состојба. Авакум на крај го носи најдобриот заклучок:



18 јас и тогаш ќе се радувам во Господ

и ќе се веселам на моето спасение.

19 Господ Бог е мојата сила,

Тој ќе ги направи нозете мои како на елен

и ќе ме поведе по височините мои.



Се работи за претставување на преданоста и верата. Авакум целосно ја покажува моќта и силата на Бог и зошто можеме да му веруваме Нему во секој аспект од нашите животи.



4. Како да го пресликаме ова во сегашноста и да го примениме во нашето секојдневие?



Наједноставниот одговор е да му веруваме повеќе на Бог, што во повеќето случаи е полесно да се каже отколку да се направи. Факт е дека во моментот кога ќе започнеме да искусуваме потешкотии, ние најчесто, во почетокот се потпираме на самите себе, за кога ќе разбереме дека не можеме да се справиме сами, почнуваме да паничиме наместо да бараме мир во Бог. Да имаме вера во Бог не значи само да веруваме дека постои туку и да знаеме дека Тој ќе не одржува и никогаш нема да нѐ заборави.



Назад на прашањето. Кога навлегуваш во светот кој те опкружува, запамти дека некои работи се надвор од твоја контрола и дека Бог е тука за тоа. Него ништо не може да му избега, и сите одговараме пред Него. Обиди се да го запамтиш стихот од Изреки 3:5:

Надевај се на Господ со сето свое срце и не потпирај се врз твојот разум.



Предизвик:

Има неколку работи за кои сакам да ве предизвикам преку ова поглавје. Прво, обиди се повторно да го прочиташ Авакум 3, да застанеш и да размислиш за тоа што си го прочитал. Размисли за тоа на што нѐ наведува Авакум преку тоа што го напишал за Бог и Божјата природа.



Второ, ние треба да мислиме секојдневно на каков опиплив начин да ја вежбаме нашата доверба во Бог. Кога се потпираме на Него за малите нешта во животот, полесно ни е да се потпреме на Него кога ќе се соочиме со поголеми предизвици. Размисли за Јаков 4:8:

Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!



Одвој некое време да се потпреш на Бог, да го побараш Него и Неговиот збор. Тргни накај Него и Тој ќе дојде до тебе. Бог не е наметлив и Тој нема да те натера да дозволиш да ти помогне. Мора твоја да биде одлуката да му веруваш и да му ја предадеш твојата волја Нему и со тоа ќе пронајдеш многу голем внатрешен мир и комфорт. Ние не може да дозволиме грижите од денешниот свет да ги обземат нашите мисли и да не држат далеку од Божјиот мир.



Доколку дозволиме нашите умови да залутаат, тогаш нашиот ум не контролира. Држи ги своите мисли во ред и постојано фокусирај се на Христос за твоите дела да го отсликуваат Него.
Ден 5

Опис за овој план

Habakkuk's Journey

Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум.

Би сакале да му се заблагодариме на Томи Л. Камден 2 што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://portcitychurch.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност