Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Патувањето на АвакумПримерок

Habakkuk's Journey

4 ДЕН ОД 6

"Чекајки на Бог - продолжување"



Мисли од авторот:

1. За момент фокусирај се на стих 1 и размисли за важноста на напишаното. Образложи ги своите мисли за ова.



На Авакум му беше многу јасно што прави. Тој чекаше Бог да му одговори, но зошто беше 1 стих толку важен? Едноставниот одговор е, поради тоа што претставува практичен пример за како да чекаме на Божјите одговори. Авакум стоеше на својот став додека го чекаше одговорот од Бог. Јас, како поранешен член на Маринците, ја знам важноста за будно одржување на својата должност.



Авакум не се повлече и кажа дека ќе делува во моментот кога ќе добие одговор, наместо тоа тој кажа дека ќе продолжи да биде на готовс како што бил до тој момент чекајки да слушне што Бог има да каже. Уште едно нешто што можеме да забележиме е дека Авакум го планираше неговиот одговор на Божјиот одговор со тоа што се спремаше да му возврати на некој начин.



Ова ме потсетува на политичка кампања. Во моментите кога кандидатот се кандидира за некоја позиција, тој обично се припрема за секаков исход. Тие вообичаено имаат припремено говор за пристапување, како и говор за во случај на повлекување. На овој начин тие докажуваат дека се потчинети на авторитетот кои раководи со нив. За изборните кандидати авторитетот се луѓето, а за Авакум тоа беше Бог.



2. На кој начин Бог одбра да му одговори на Авакум и што ни кажува неговиот начин за тоа како треба да го слушаме?



Како што знаеме, Божјиот начин не е секогаш така како што очекуваме или разбирлив за нас. Бог реши да му каже на Авакум да пишува забелешки за нештата кои би се случиле во иднина. Понекогаш, ова е тешко да се прифати. Во денешните генерации сме опколени со навика за инстантна добивка. Живееме во микробранова генерација која сака да ги види резултатите сега. Веднаш да ги решиме работите, иако тоа не секогаш е најдоброто за нас.



Бог го знае ова и си го дозволи ова време за да му даде на Авакум до знаење дека треба да биде трпелив и дека нештата не се секогаш така како што изгледаат. Можеби моментално изгледа дека сме во невозможна ситуација, но Бог секогаш знае што прави. Трпението не е лесна доблест да се практикува. Трпение е да знаеш кога да чекаш и кога да се движиш. Трпението понекогаш значи дека треба да почекаш Бог да заврши пред да продолжиш напред, исто како искуството кое го имаше Авакум. Беше време Бог да направи нешто, додека тој требаше да биде трпелив.



3. Што мислиш дека е причината зашто Бог ги користи зборовите “тешко него” додека зборува со Авакум наместо зборови како “проколнат е”?



“Тешко него“ е термин кој се користи во случај на сожалување. Ова е предизвик за читателот и помалку генерална порака. Лесно е да се каже, “види колку голем успех постигнале, посакувам и јас да сум така успешен.“ Тоа што Бог сакаше да ни укаже е дека не треба да им завидуваме на луѓето кои беа на листата, туку да ги сожалуваме. Не на начин на кој ќе им судиме, но на начин во кој ги оплакуваме како нивни посредници. Животот во грев не е живот на кој треба да му завидуваме.



Капил Дев, поранешен спортист во крикет од Индија даде добра изјава кога кажа, “дефинитивно најдобрата политика на долги стази е да се биде искрен. Некој можеби ќе поминат неприметено на кратко, но на крај, искреноста секогаш се исплати.“ Нечесната личност е секогаш загрижена дека нечесноста ќе им се врати, а тоа не е животот со кој Бог сака да те благослови.



4. Како да го примениме ова во нашите секојдневни животи?



Има многу практични начини како да се примени она на кое нѐ учи ова поглавје, но можеби најдоброто нешто е да се биде трпелив према Бог бидејки Тој не те заборава. Неможеш да ја запоствиш твојата духовна должност додека очекуваш одговор од Бог. Бог е перфектен во сѐ, дури и во временската прецизност и доколку ги запоставиме нашите духовни должности додека Го чекаме, ние не сме ништо подобри од слугата на кој му беше даден еден талант како што пишува во Матеј 25:24-26.



24 “Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел.“



25 “па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘“





26 “ „А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел.“

Биди верен во она што Бог ти го дал и Тој ќе те благослови. Немој да мечтаеш за она што го немаш, но преку сѐ што правиш давај Му благодарност на создателот на универзумот.



Предизвик:

Одвој малку време денес да размислиш за она што го имаш и како си го добил. Разговарај со Бог и покажи Му дека си благодарен. Мојот најголем предизвик е да му дадам на Бог до знаење дека ќе продолжиш да живееш будно додека го чекаш Него.
Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Habakkuk's Journey

Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум.

Би сакале да му се заблагодариме на Томи Л. Камден 2 што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://portcitychurch.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност