Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Патувањето на АвакумПримерок

Habakkuk's Journey

5 ДЕН ОД 6

"Верување во Бог"



Посвета:

Како Христијани ние често ја бараме Божјата љубов и Неговата милост, но често забораваме дека Неговата љубов може да содржи и лутина. Прашањето е зошто го забораваме ова? Жртвата која Тој ја направи за нас беше најголемиот подарок кој потекнува од љубов, љубов која лесно ја надминува Неговата лутина. Една едноставна вистина се истакнува; Бог е праведен и нема да ја истури својата лутина врз оние кои не го заслужуваат тоа, Тој не се инаети. Неговата љубов за човештвото е толку голема што често се случува ова да го наведе да направи нешто спроти својата волја.



Еднаш слушнав како го прашуваат еден апологетик, “Ако Бог толку ги љуби луѓето, зошто ги испраќа во пеколот?“ Неговиот одговор на ова прашање имаше големо влијание врз моето размислување на темата. Да го парафразирам цитатот, “Да се биде во пеколот значи да се живее одвоено од Бог, Тој ја искажува Неговата љубов со тоа што го почитува нашето право на избор. Доколку некој избере да живее далеку од Него, Тој нема да ги форсира да се зближат.” Импликациите од ова се зачудувачки, кажано ни е во 2 Петар 3:9:



Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.



Лични прашања за размислување:

Одвој малку време са размислиш за овие прашања пред да продолжиш. Одговори ги искрено и колку што можеш подетално, па припреми се за мислењето на авторот во утрешната посвета.



1. Што сѐ опфаќа темата низ оваа глава?



2. Какво значење има “селах” и како да реагираме на ова?



3. Да размислиме за темата: Што пробува Авакум да му пренесе на читателот?



4. Како да го пресликаме ова во сегашноста и да го практикуваме во секојдневниот живот?

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Habakkuk's Journey

Овој план е за патување низ времето поминато во обид со Авакум.

Би сакале да му се заблагодариме на Томи Л. Камден 2 што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://portcitychurch.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност