Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Те познавам. Побожност од "Time of Grace"Примерок

I Know You: Devotions From Time of Grace

3 ДЕН ОД 4

Ги знам твоите маки и сиромаштија



Сите ние сакаме да слушаме среќни приказни за победите во животите на христијаните. Кога луѓе со микрофон во рака даваат сведоштво, нивните говори секогаш изгледа дека завршуваат со победа. Секогаш има место за презентации од типот „Јас победив“. Кој сака да слушне лично сведоштво од еден Христијанин кој се мачи со проблеми и не може да си ги плати сметките?



Бог сака. Тој сака да слушне од нас не само кога сè ни е добро, кога имаме многу пари, кога се чувствуваме супер, имаме работа и семејството ни е читаво. Тој нè познава и нè љуби исто така доколку страдаме од леукемија, мултиплекс склероза, церебрална парализа или даунов синдром. Тој нè љуби кога извршителите ни ги земаат сите пари или кога добиваме барање за развод. Тој нè љуби дури и ако сме во затворска ќелија, на рехабилитација или на психијатриско советување.



Тој знае дека сме скршени. Затоа знаеше дека треба да испрати еден Спасител - бидејќи не можевме самите да се спасиме. До христијаните од Смирна Бог порача: „ги знам твоите неволји и сиромаштија - но ти си богат“ (Откровение 2:9). Нивното и нашето богатство не се темели на пари, имот или акции во некоја компанија. Тоа богатство се темели на Неговата заветна љубов искажана кон нас преку светиот живот и дело на Исус Христос. Нивното и нашето богатство се темели на нашата припадност на Божјото семејство, на нашата можност да го наречеме Бог - Татко.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

I Know You: Devotions From Time of Grace

Бог нè создаде уникатно. Тој ги знае нашите таги, радости, силни страни и слабости.

Благодарни сме на Time of Grace за овој план. За повеќе информации, види: http://www.timeofgrace.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност