Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Те познавам. Побожност од "Time of Grace"Примерок

I Know You: Devotions From Time of Grace

2 ДЕН ОД 4

Знам дека имаш малку сила



„Знам низ што поминуваш.“ Можеби си го слушнал тоа од пријатели кои сакаат да изгледаат сочувствително. Она што сакаш веднаш да им вратиш е: „Немаш поим низ што поминувам“, но наместо тоа само велиш, „Да.“



Нашиот Бог следи апсолутно сè што се случува во нашите животи. Тој заедно со ангелите се радува на нашите победи, воздивнува за нашите слабости, интервенира во стратешки моменти за да нè одржи на патеката кон Небото, преврзувајќи ги нашите рани, исправувајќи нè на нашите нозе и давајќи ни малку ветер во грбот за да продолжиме понатаму.



Бог знае дека ние понекогаш сме слаби. Тој им кажа на оние послаби христијани од азискиот град Филаделфија: „зашто ти имаш мала сила и сепак го запази Моето слово, и не се одрече од Моето име“ (Откровение 3:8). Без разлика дали се работи за пари, семејни врски, здравје или работа, Бог е сочувствителен за нашите човечки слабости. Тој не нè презира што не сме како супермени и супер-жени. Тој можеби намерно дозволува потешкотии за да нè приближи кон Него. Она што Него најмногу го интересира е нашата вера во нашиот Спасител Исус. Дали сме се откажале од евангелските ветувања? Бог ги поттикна христијаните од Филаделфија, а те поттикнува и тебе исто така, да се држиш за она што го имаш за никој да не ти ја одземе твојата круна на славата. Биди победник и Тој ќе те направи како столб во Небесниот храм.



Можеби ќе умреш како должник, но поврзан со Исус на небото ќе се разбудиш како еден духовен милионер.

Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

I Know You: Devotions From Time of Grace

Бог нè создаде уникатно. Тој ги знае нашите таги, радости, силни страни и слабости.

Благодарни сме на Time of Grace за овој план. За повеќе информации, види: http://www.timeofgrace.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност