Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Те познавам. Побожност од "Time of Grace"Примерок

I Know You: Devotions From Time of Grace

1 ДЕН ОД 4

Знам каде живееш



Имам живеено и работено во неколку прилично лоши населби низ минатите години. Но мојот живот никогаш не бил толку тежок како оној на христијаните кои живееја во Пергам, западна Мала Азија. Тој град му припаѓаше на ѓаволот и имаше изградено еден огромен пагански олтар на грчкиот бог Зевс (кој сега се наоѓа во еден германски музеј) и кој беше силна алатка на ѓаволот за збунување и заблудување на луѓето.



Зголеменото присуство на христијаните во Пергам предизвикало силен контра напад од страна на свештениците на Зевс и демоните на сатаната. Но Бог забележа сè што се случување таму, знаеше каде се наоѓа секој Негов верник, ги водеше настаните таму, дури и нивните страдања, сè со цел да порасне Царството на верниците. „Ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната; и го држиш Моето име, и не се одрече од верата во Мене, ни во деновите на Мојот верен сведок Антипа, кого го убија кај вас, каде живее сатаната“ (Откровение 2:13).



Господ знае каде живееш и ти. Тој ги гледа твоите опасности, жали за твоите загуби и повреди, ги испраќа Своите ангели да те заштитат тебе и твоето семејство и гледа за да види како се справуваш со искушенија и стрес. Негова голема желба е да останеш верен. Маченичката смрт на Антипа не му ја одзеде небесната награда - всушност, тоа само го придвижи кон славата на еден побрз начин. Неговиот храбар пример беше повторен многу пати при што обезбеди инспирација за брзиот растеж на Христовата црква.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

I Know You: Devotions From Time of Grace

Бог нè создаде уникатно. Тој ги знае нашите таги, радости, силни страни и слабости.

Благодарни сме на Time of Grace за овој план. За повеќе информации, види: http://www.timeofgrace.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност