Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Драга Зависност...Примерок

Dear Addiction...

5 ДЕН ОД 5

  


5 ден: нов темел


Сите наши грешки од минатото и погрешни постапки што сме ги направиле во текот на нашата зависност, немаат повеќе моќ врз нас доколку се одлучиме да се држиме до Бог и до процесот на закрепнување. Новиот темел се формира кога продолжуваме да превземаме правилни чекори.


Нашиот темел мора да биде изграден на солидна основа, за гревовите од нашето минато да не можат да не држат како во окови. Кога ќе им кажеме “да“ на Исус и на закрепнувањето, ние ја потврдуваме моќта на новото создание, на нашата обнова. Библијата вели дека доколку сме во Христос, ние сме ново создание. Ова значи дека можеме да ги замениме старите лаги со нови и чисти мисли, дека можеме да ги замениме старите одлуки со подобри одлуки и да се справиме со стресот на здрав начин наместо со употреба на пијалоци, јадења, коцкање или било што друго што сме го употребувале во минатото за да ни ја намали болката.


Бог не сака само да имаш обновен и убав живот—тој посакува изобилие за тебе уште во текот на твоето закрепнување! Ако ги вметнеш Неговиот Збор и Неговите ветувања како дел од твојот нов темел, тие ќе ти ја даваат потребната сила и издржливост за ги надминеш животните бури кога ќе се појават, а сигурно ќе се појават и ако твојот нов темел не е заоснован на Божјиот Збор и не ѝ служи за добро на твојата индивидуална програма за закрепнување, можеби ќе си ја видиш повторно својата куќа срушена во моментот кога ќе надојде првата неволја или ќе задуваат силни ветришта.


Ова е времето за да започнеш да градиш одново, само осигурај се дека ја градиш својата куќа сигурно, на камен.


 


За повеќе информации за СТОРМ (Служба на Стратешки Опции за Третман и Закрепнување) Инк., ве молиме посетете ја веб-страната: www.storminc.org


Ден 4

Опис за овој план

Dear Addiction...

"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвет...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џорџ и Мередит Шафер, ко-основачите на Сторм Инк. што ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.storminc.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност