Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Драга Зависност...Примерок

Dear Addiction...

3 ДЕН ОД 5

  


 


3 ден: пресвртот


Мамката и мамецот. Навистина, ова е една од тактиките кои нѐ привлекуваат кон гревот, нели? Ставени сме под искушение и понесени од ветувањето дека ќе ни биде забавно, ќе нѐ задоволи и ќе ни даде мир. Но, ние знаеме дека овие три нешта може да се најдат во Божјиот Збор и дека сѐ друго што доаѓа од овој свет, е синтетичко производство, бледа копија на вистината.


Но ова знаење самото по себе не ја спречува или намалува зависноста во нас. Знаењето добива на вредност само кога ќе го примениме. 


Дали знаеш како банкарите знаат да идентификуваат лажни банкноти? Со напредокот на технологијата и зголемувањето на знаењето на криминилците, станува се потешко да се идентификуваат фалсификувани банкноти. За да се изборат со овој проблем, дали мислиш дека банките постојано си испраќаат известувања со содржина за откривање и спречување на новите трендови на фалсификување? Секако дека да. Дали се осигураат дека престапниците се ставени на листата од луѓе на кои треба да се внимава? Нормално дека да. Јадрото на нивното знаење и учење се заоснова на вистинските нешта. Банкарите се толку добро запознаени со работата што доколку нешто оддалеку им изгледа несоодветно, тие веднаш можат да приметат. 


Добра лекција можеме да извлечеме од ова за нашиот духовен раст и трезвесност. Римјаните 12:2 вели, Не сообразувајте се со овој век, туку преобразете се со возобновување на ва­шиот ум
‭‭
за да можете да испитувате и осознавате што е волјата Божја: што е добро, благоугодно и совршено.


Во нашето закрепнување, ние буквално се трансформираме себеси со возобновување на нашиот ум, учејки како правилно да се справиме со животот. Кога се запознаваме со автентичноста на Божјиот Збор и љубовта која Тој ја има за нас, стануваме способни веднаш да го приметиме натрапникот.


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Dear Addiction...

"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвет...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џорџ и Мередит Шафер, ко-основачите на Сторм Инк. што ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.storminc.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност