Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Драга Зависност...Примерок

Dear Addiction...

1 ДЕН ОД 5

  1 ден: Вовед



Закрепнувањето важи за секој еден од нас.


Независно дали закрепнуваш од дрога или алкохол, храна или порнографија, коцкање или некои трауми од животот, доколку живееш доволно долго ти ќе имаш потреба од закрепнување.


Во следните пет дена од Драга зависност, ќе обратиме внимание на некои од проблемите со кои би се соочиле при закрепнување. Независно од тоа дали сакаш само да откриеш повеќе за закрепнувањето или се надеваш дека ќе доживееш нов, променет живот со тоа што ќе се нафатиш на долг процес на закрепнување, нашата молитва за тебе е, ова да те охрабри да продолжиш на твојот пат.


Ние ја разбираме оваа проблематика бидејки и самите ние сме биле во таква ситуација. Ние ја знаеме замката на добрите времиња на зависност и промената која се доживува кога забавата ќе престане. Ние го допревме дното и доживеавме да видиме како Бог одново ги гради нашите животи на многу цврст темел. Ние се соочивме со огромниот потенцијал за повраток на старите навики, но после сѐ, ние го надминавме ова поради надежта која Христос ни ја нуди и поради нашето сведоштво.


Опоравување ни се случува секој ден кога сме предадени на единствениот кој може да нѐ промени: Исус Христос. Ние сме тука да бидеме со тебе, да ти укажеме на надежта која може да ја најдеш во Божјиот Збор и да те охрабриме со тоа што ќе ти дадеме до знаење дека закрепнувањето е возможно.


Без оглед на тоа од каде почнуваш, што си правел во текот на твојата зависност, независно од тоа што ти направиле или како се чувствуваш моментално, сега е правото време и место да го направиш ова. Опоравувањето и воскресението се возможни поради тоа што му служиме на Бог кој вдахнал живот и во суви коски, створил извори во пустина, направил пат во дивината и ги оживеал мртвите.


Учествување во програма за рехабилитација е начин да се заштитиме од непријателот, начин да се промениме после одлуките кои сме ги донеле во текот на нашата зависност и начинот на кој постануваме раце и нозе на Исус со тоа што од нашето заздравување преминуваме на градење на царството Божјо преку помагање во процесот на опоравување на други луѓе.


Ти си вреден и твоето закрепнување е важно.


Ден 2

Опис за овој план

Dear Addiction...

"Драга зависност..." претставува 5 дневен план за читање кој ни помага да ги разбереме циклусите на зависноста од Библиска гледна точка. Зборот ни дава увид и моќ за справување со нашите проблеми. Се молам за оваа посвет...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џорџ и Мередит Шафер, ко-основачите на Сторм Инк. што ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.storminc.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност