Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божји принципи за управување со времеПримерок

Time Management Principles From God’s Word

6 ДЕН ОД 6

Само кажи не


Во почетокот на книгата на Марко во која пишува за службата на Исус, тој го прикажува нашиот Спасител како исцелува многукратно, истерува демони од човекот во синагогата и ја исцелува свекрвата на Петар во нејзиниот дом во Капернаум. Истата таа вечер, “луѓето му ги носеа на Исус сите болни луѓе или луѓе запоседнати со демони. Целиот град се насобра пред вратата каде што беше Исус и Тој исцели многумина.“ 


Без изненадувања, следното утро учениците брзаа кон Исус за да му кажат, “сите те бараат!“ Беше јасно дека целиот град разбрал за чудесната моќ која ја имал Исус и поради тоа сите сакале да го видат, но Исус кажа “не“, што многу ги изненади учениците и потоа посочи, “да одиме во селата што се во близина за да им проповедам и таму, бидејки за тоа дојдов тука“.


Ова е прв пат но не и последен да слушнеме како Исус кажува “не“ во евангелијата. Но, Зошто Исус кажа не? Јасно е дека имал моќ да исцели повеќе луѓе, имал и желба да ја избрише болката во животите на луѓето, но иако сакал да исцели повеќе луѓе, Тој сепак знаел дека Неговото време за да ја исполни својата “цел“ на земјата е кратко. Исус не дојде на земјата за да ги исцели сите и да го открие својот идентитет, туку дојде да го проповеда евангелието додека се припрема за жртвата која ја направи на крстот. Исус имаше кристално јасна цел и ова го доведе до моменти кога треба да каже “не“ на многу добри нешта со цел да може фокусирано да се посвети на најважните работи за кои е испратен на земјата.


Ако Исус не можел да каже “да“ на сѐ, не можеме ниту ние. Јас и ти имаме ограничени ресурси и време и за да ги употребиме најдобро што знаеме, многу е важно да знаеме за што сме повикани од Бог да правиме и да створиме навика да кажеме “не“ на некои можности—дури иако се многу добри—што ни го одвлекуваат вниманието од основната мисија.


Не заборавај дека ти си роден со некаква цел! Се молам за Писмата кои ги разгледавме во последните шест дена, да нѐ предизвикаат да носиме мудри одлуки за користење на остатокот од времето кое ни е дадено на земјата, користејки ги последните часови од животот за да му покажеме љубов на Бог, на луѓето и да правиме следбеници на Исус Христос преку нашата работа и нашиот живот.


Доколку ти се допадна овој план, сигурно ќе ти се допаднат и моите неделни посвети кои би ти помогнале да ја приближиш работата до евангелието. Пријави се тука.


Свето Писмо

Ден 5

Опис за овој план

Time Management Principles From God’s Word

Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џордан Рејнор што ни го овозможи овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.jordanraynor.com/time/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност