Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божји принципи за управување со времеПримерок

Time Management Principles From God’s Word

5 ДЕН ОД 6

Испланирај го секој ден



Не е никаква тајна дека за да постигнеш успех со твоите финансии, ти мора да планираш на што ќе ги трошиш твоите пари уште пред да ти пристигнат на трансакциска сметка. Истиот тој дисциплиниран пристап треба да го примениме за организација на нашето време, бидејки за разлика од парите, ние не можеме да заработиме повеќе време, така што за нас е важно да бидеме уште повеќе посветени на планирање на нашите часови отколку на нашите пари.



Доколку го следиш Исусовото водство во изминатите два дена читајки го овој план, би требало да имаш јасно поставени граници кои се показател за продуктивното време кое си го поминал во еден ден. Со поставувањето на овие граници, со сите твои задачи завршени и твоите следни најважни проекти и задачи дефинирани, време е да навлезеш подлабоко во дефинирање на временски план на пониско ниво во кое ќе одредиш како ќе го поминеш секој час во деновите што претстојат. Многу ги сакам Исусовите зборови напишани во Лука 14:28: “Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довр­шу­вање?“
‭‭Начинот на кој ја “калкулираме цената“ на нашите продуктивни активности е преку планирање на нашето време, осигурувајки се дека ќе “имаме доволно време“ за да ги завршиме работите на кои сме се посветиле.



Како практично би изгледало ова? Јас во последните 30 минути од работното време ги дефинирам најважните задачи и проекти кои сакам да ги завршам во следниот ден и да испланирам како ќе го организирам моето време за да ги завршам овие задачи и сѐ останато на мојот календар. На овој начин кога ќе седнам наутро на моето биро, јас немам потреба да трошам драгоцено време за размислување на тоа што ќе правам следно, бидејки одлуката е веќе донесена. Сега сѐ што треба да направам е да ја извршам задачата.



Насекаде низ Изреки, Бог ни ја открива мудроста за планирање на нашето време и пари. Кога ги планираш твоите денови, потцени ја способноста за што сѐ можеш да завршиш во 24 часа, бидејки ние луѓето често се преценуваме. Само свесен пристап на оваа тема може да ти помогне мудро да си го планираш времето, во крајна цел подобро е да го завршиш денот со неочекувано слободно време отколку со непостигнати поставени цели. 



Запамти дека Исус не предупредува за ова во Лука 14:29-30: “Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘“ Штетно е за изгубениот свет да не го направиме тоа што сме кажале дека ќе го направиме. Испланирај го добро твоето време за да се осигураш дека можеш да ги завршиш задачите кои си ги започнал.


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Time Management Principles From God’s Word

Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џордан Рејнор што ни го овозможи овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.jordanraynor.com/time/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност