Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Божји принципи за управување со времеПримерок

Time Management Principles From God’s Word

2 ДЕН ОД 6

Постави граници


Во евангелијата на Матеј, Марко, Лука и Јован можеме да забележиме дека Исус поминувал време во самотност—на страна од Неговите ученици, толпата и Неговата служба. Честото спомнување на овој одност ни покажува дека Исус бил многу добар во поставување граници за Неговото време. Исто тоа важи и за нас, доколку сакаме да управуваме ефективно со своето време со цел да придонесеме најмногу што можеме во овој свет, мора да поставиме јасни временски граници во нашите распореди.


Исто како Исус, ова треба да започне со закажување на регуларно време за молитва и изучување на Божјиот Збор (Марко 1:35). Повеќето од нас се навикнати да придонесуваат со давање на паричен десеток, но што се случува со давање на временски прилог? Ние сме на пат да потфрлиме доколку ги исполниме нашите распореди со потребите на работата и домот па дури после тоа да пробаме да најдеме време за молитва и изучување на Божјиот Збор. Пред да продолжиме понатаму, одвој време да одлучиш кога ќе го дадеш твојот временски прилог посветен на молитва и секојдневно изучување на Писмото.


Откако си поставил јасни граници во твојот распоред посветени на духовните дисциплини, би било од корист да го примениш истиот пристап на закажување на времето посветено дома и на работа. Мене редовното следење на рутина ми помага да го одржам балансот помеѓу "животот и работата". Скоро секој ден тргам накај канцеларија во 4:45 и си доаѓам назад дома во 16:00. Овој предвидлив распоред поставува јасни временски интервали во кои се форсирам да бидам фокусиран на мојата работна задача. На прашањето дали има крај на мојата работа можам да кажам дека нема, но дали би било крај на работата доколку останев до 17, 18 или 22 часот? Сметам дека не постои нешто како "крај на работата" така што да се има цврсти граници во распоредот за завршување на работното време во еден ден ми дава сигурност дека ќе имам доволно време да поминам време со жена ми, децата и мојата фамилија од црква.


Доколку не одвоиш време да поставиш граници во твојот распоред, некој друг ќе постави наместо тебе. Следи го Исусовиот начин и постави си јасни граници за тоа како го поминуваш твоето време, ова е првиот чекор во добивање контрола над твојот календар и добро управување на времето во него.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Time Management Principles From God’s Word

Дали те фрустрира фактот што има едвај 24 часа во еден ден? Дали те совладува бројот на проекти на твојот To Do список? Те уморува фактот што си постојано уморен/уморна и немаш доволно време да посветиш на Божјиот збор и...

More

Би сакале да се заблагодариме на Џордан Рејнор што ни го овозможи овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: http://www.jordanraynor.com/time/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност