Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Шест дена за Божјите прекариПримерок

Six Days Of The Names Of God

5 ДЕН ОД 6

ДЕН 5: ЕЛОХЕ ЦАДЕКИ – БОГ НА МОЈАТА ПРАВЕДНОСТ


Ние сме секогаш во потрага по следната голема работа. Тајната да се биде организиран. Клучот за тоа како да се влезе во форма. Сигурниот план до финансиска стабилност. Читаме книги, гледаме видеа и одиме на семинари. Иако организираноста, физичката спремност и финансиската безбедност се вредни работи за да ги имаме, треба да се осигураме дека не ја пропуштаме поентата на големата слика додека ја бараме насоката на нашиот следен голем чекор.


Главната цел на животот е да го следиме Бог, да бидеме како Него и да ги живееме нашите животи за Него. Да се биде како Бог значи да растеме во добрина и праведност. Од Господ се излева милост, моќ и сила — сите квалитети што ни се потребни во животот и светот. Бог ни дава сѐ што ни треба преку Неговиот Збор и Дух за да можеме да живееме во беспрекорна радост. Кога ги ставаме Неговите желби пред нашите и се трудиме да наликуваме на Него, Тој нè води и управува.


Да се следи Божјиот план може да биде поголем предизвик од тоа да се држиме до шест лесни чекори за да бидеме во форма или десетте начини да го намалиме отпадот во нашиот дом. Но, во исто време, носи голема награда. Кога се вртиме кон Бог и му ги предаваме нашите животи Нему, Тој ни простува и ни подарува сочувство. Ни помага да ги обновиме нашите скршени врски и ги исполнува нашите срца со праведност, милост и мир. Добар плод излегува следејќи го Бог и дозволувајки ѝ на Неговата праведност да ги води нашите чекори.


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Six Days Of The Names Of God

Преку многуте прекари што ги има Бог, Тој ни открива аспекти од Неговиот карактер и Неговата природа. Освен Татко, Син и Светиот Дух, во Библијата се наведени повеќе од 80 прекари за Бог. Туа се наведени шесте прекари и ...

More

Би сакале да им се заблагодариме на Д Урбан Алтернатив и Тони Еванс, кои ни го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната https://tonyevans.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност