Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Непријатели на срцетоПримерок

Enemies Of The Heart

4 ДЕН ОД 5

Енди Стенли: Непријатели на срцето


Дневна посвета 4


“Да се пазиме од алчноста”


Свето Писмо: Лука 12:13-21


Третиот непријател на срцето? Алчност. Кога мислиме дека заслужуваме повеќе богатство и земни добра. Алчноста вели, “Си должам себеси.”


Исус рекол, “Внимавајте! Бидете самите свој заштитник наспроти сите форми на алчност.” Зошто? Затоа што од сите четири состојби на срцето кои ги земаме во предвид, алчноста е најсуптилна. Алчноста може да го заземе своето место во вашето срце и да живее таму со години, незабележана. Незаштитеното срце е најподложно на оваа болест. Многу е тешко да се дијагностицира, особено сам на себе.


Исус работеше на разоткривање на лагата која ја потхранува алчноста: “Животот не се сведува на изобилство од материјални добра.” Но, зарем сите не го знаеме тоа? Дали луѓето навистина ја мерат вредноста на своите животи само во она што го поседуваат? Одговорот е не и да. Не, не секој го знае тоа. И да, има и такви кои веруваат дека вашиот живот е вреден колку она што го поседувате. Постојат луѓе кои се склони кон ова размислување, дури и повеќе отколку што можете да замислите.


Исус ги дефинирал алчните луѓе како: некој којшто никогаш не е задоволен од своето материјално богатство, но не е богат кон Бог. Да се биде “богат кон Бог” кажано од самиот Исус значи да им се помага на оние кои имаат потреба од тоа. Алчна личност е мажот или жената кои го чуваат своето богатство на сигурно, но донираат многу малку или воопшто.


Донирањето ќе ја уништи алчноста во вашиот живот. Без разлика дали мислите или не дека имате одповеќе, давајте, бидете дарежливи. Донирајте до степен, тоа да ви го промени начинот на живот. Доколку не давате така што тоа би влијаело на вашиот животен стил, според Исус, вие сте алчни. Доколку давате до степен да ви остане малку или да не ви остане ништо за давање, вие сте алчни.


Знам тека е тешко. Всушност, сурово е.


Но, тоа е вистината.


Скршете ја моќта на алчноста преку срдечното давање. Тоа е навика која менува се.


Оценете ја вашата дарежливот во последниве 12 месеци. Што е тоа што го кажува вашето давање во добротворни цели за вашето срце? Молете се за да го почувствувате благословот на дарежливоста во следните 12 месеци.


Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Enemies Of The Heart

Исто како што физички нездравото срце може да го уништи човечкото тело, емоционално и духовно нездравото срце може да ве уништи вас и вашите врски. Во следните пет дена, дозволете му на Енди Стенли да ви помогне да ги по...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Енди Стенли и Мултнома за изготвувањето на овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: bit.ly/2gNB92i

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност