Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Непријатели на срцетоПримерок

Enemies Of The Heart

2 ДЕН ОД 5

Енди Стенли: Непријатели на срцето


Дневна посвета 2


"Признание"


Свето Писмо: 1 Јован 1:5-10


Првиот непријател на срцето е чувството на вина. Чувствувањето вина доаѓа како резултат на нешто што сме направиле, а го сметаме за погрешно. Пораката од срцето окупирано со вина е "Јас должам!"


Земете го за пример мажот кој ќе го напушти своето семејство за друга жена. Без да сфати во тој момент, тој од секој член на неговото семејство краде по нешто. На неговата сопруга и ја краде иднината, нејзината финасиска сигурност и нејзината репутација на сопруга. Од перспективата на неговите деца тој од нив ги украл сите следни Божиќни празници, традиции, емоционалната и финансиска стабилност, вечери со семејството итн.


На почетокот овој човек воопшто нема да помисли за нештата кои ги одземал од своето семејство. На почетокот мисли на она што го добил. Но, кога за прв пат неговото мало девојче ќе го праша зошто не ја сака нејзината мајка повеќе, во неговото срце ќе настане хаос. Веднаш ќе почувствува вина. Тато должи.


Ништо помалку од плаќање на долгот нема да може да му го олесни товарот на срцето што должи. Луѓето пробуваат преку работата, преку служење, преку дарување, дури и преку молитва да си го олеснат товарот во срцето. Но, ниту едно добро дело или служење во добротворни цели или општествено корисна работа или Недели поминати во молитва нема да можат да го олеснат товарот на вината. Тоа е долг. И мора да биде платен или откажан за виновното срце да го оттргне товарот од себе.


Како се откажува вината? Одговорот се наоѓа во еден од првите Библиски стихови кои ги запаметив како дете: 1 Јован 1:9. "Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда." (1 Јован‬ ‭1‬:‭9‬ ‭МКВ‬‬)


Признанието ја има моќта да го прекине кругот на гревот. И како и кај повеќето медицински лекови, делува кога правилно ќе се земе. Вистинското изземување настанува кога своите гревови ќе му ги признаеме не само на Бог туку и на оние кон кои сме згрешиле.


Виновните луѓе најчесто ја повторуваат навредата. И се додека носите некоја тајна, се додека пробувате да си ја олесните совеста со кажување на Бог колку ви е жал, вие самите себеси се осудувате да го повторите минатото. Што значи, доколку почнете да ги признавате вашите гревови на луѓето кон кои сте грешеле шансите да го повторите истото се многу мали.


Признајте го гревот и пред Бог и пред оние на кои сте им згрешиле и ќе го елиминирате овој непријател од вашето срце.


За што се чувствувате виновни? Исповедајте ги вашите гревови пред Бог и пред оној кој сте го повредиле. Направете го тоа денес.


Свето Писмо

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Enemies Of The Heart

Исто како што физички нездравото срце може да го уништи човечкото тело, емоционално и духовно нездравото срце може да ве уништи вас и вашите врски. Во следните пет дена, дозволете му на Енди Стенли да ви помогне да ги по...

More

Би сакале да му се заблагодариме на Енди Стенли и Мултнома за изготвувањето на овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: bit.ly/2gNB92i

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност