Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ти имаш молитва! Примерок

Ти имаш молитва!

6 ДЕН ОД 6

„Шест клучеви до здрава и избалансирана Молитва – Втор дел“

4. Изрази ги своите лични потреби и барања до Бога и побарај да ти ги исполни. „Лебот наш насушен дај ни го денес...“

Љубовта на Бога за тебе е длабока, бескрајна и безусловна, честопати се споредува во Библијата со сочувствителноста на саканиот татко кон своето дете. Тој сака да го слушне своето дете (а тоа си ти); Тој сака да слушне за твојот живот, твоите потреби и желби и Тој сака да му се обратиш за тие потреби.

Неговата љубов за тебе Го води да те благослови уште повеќе одколку што се надеваш.

5. Побарај од Бога да ти ги прости твоите гревови, и притоа биди свесен дека треба да им простиш на другите кои можеби ти згрешиле. „Прости ни ги долговите наши, како што ние ги проштеваме на нашите должници“.

Барајќи од Бога да ни ги прости нашите гревови започнува најпрвин со признавањето на тие гревови на себеси и потоа со исповедувањето на истите на Бога.

„Ако ги исповедаме гревовите свои, Тој е верен и праведен за да ни ги прос¬ти гревовите и да нѐ очисти од секаква неправда“. – 1 Јован 1:9

Можеш да бидеш сигурен дека Бог ти ги има простено твоите гревови и те има прочистено од нив. Со таквата прошка, исто така има и слобода од вина, срам и осудување.

Но Бог исто така бара од нас да им простиме на другите кои можеби ни згрешиле исто како што Тој ни простил нам. Како што примањето прошка од Бога ни носи слобода, така и давањето на прошка на другите – нè ослободува од огорченоста, злопамтењето и не дозволува на минатите болки да престанат да нè повредуваат.

Прошката, како нејзиното примање така и нејзиното давање е основата за живеење на слободен живот во Христа.

6. Моли се за Божјото водство да ти помогне да ги избегнеш искушенијата и ситуациите кои можеби нема добро да се рефлектираат на Него.

„…и воведи нè во искушение, но избави нè од лукавиот“.

Бог ни ги прости сите гревови и нè исчисти од сета неправедност како што ни вети во 1 Јован 1:9, но ние сè уште ќе се среќаваме со искушение, живеејќи во овој паднат свет. Овој дел од Господовата Молитва ја акцентира важноста за тоа не само да мируваме и да бидеме задоволни со прошката која Бог ни ја дава нам, без да бидеме свесни за избегнувањето на гревот во иднина. Додека Бог ја отстранува духовната казна за гревот со тоа што ни простува, Тој не ги отстранува неопходно штетните последици на гревот. Поради оваа причина, важно е да се молиме на Бога за помош за да го избегнеме искушението.

Секојдневно, почни да му посветуваш на Бога кое и време да можеш да му го посветиш со радост во молитва. Бог нема правило кое мора да го исполниш секој ден. Дополнително, понекогаш ќе ти биде предизвик да останеш буден и да избегнеш да не задремиш. Не се обесхрабрувај; знај дека ќе бидеш благословен од Бога ако Нему му го посветиш твоето време во молитва!

Ден 5

Опис за овој план

Ти имаш молитва!

Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот:...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност