Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Ти имаш молитва! Примерок

Ти имаш молитва!

2 ДЕН ОД 6

„Бог сака да те слушне”

Една од многуте причини што молитвата се гледа како последен спас кога се соочуваме со предизвици е што имаме неточна перцепција за Бога. Ние понекогаш по грешка мислиме дека Бог има само далечно, безлично ниво на интерес за нашите животи. Сепак, факт е дека Бог е интимно заинтересиран за твојот живот. Тој те создал тебе за Негово задоволство и сака да дејствува во тебе и низ тебе!

Молитвата едноставно е дефинирана како комуникација со Бога. Помисли на некоја блиска врска која ја имаш. Секако, таа личност е покрај тебе кога ти треба, но со нејзе зборуваш постојано нели? Си го споделуваш својот живот, нели? Па, Бог сака да ти биде твојот најдобар пријател. Ти можеш да му кажеш сè, можеш да се смееш со Него, да зборуваш за твојот ден со Него, можеш да бидеш искрена со Него, можеш да ги изразиш желбите на своето срце со Него. Суштината е дека Тој сака да слушне сè. Бог многу сака да имаш интимна, лична комуникација со Него.

„Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене“ .– Откровение 3:20

Исус чука на вратата на нашите срца, сакајќи скапоцено време на партнерство на лично ниво. Едноставно отворањето на таа врата кон нежното барање на Исус за партнерство е почеток на успешен, ефективен и благороден молитвен живот исполнет со Божји благослови.

Бог е вистинскиот извор на прибежиште во животот, и Тој сака да ни ја покаже Неговата верност и љубов – ниту еден предизвик е преголем за Него – Тој едноставно сака да те слушне.

„Кон Тебе се прилепува душата моја, твојата десница ме поддржува“. – Псалм 62:8

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Ти имаш молитва!

Откриј ги принципите за градење моќен и ефективен молитвен живот. Молитва – комуницирање со Бога на лично ниво – е клучот да се види позитивна промена во нашите животи и опкружување. Преземно од книгата, „Вон овој живот:...

More

Би сакале да се заблагодариме на Twenty20 Faith, Inc. за обезбедувањето на овој план. За повеќе информации, посетете: https://twenty20faith.org/devotion1?lang=mk

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност