Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Извонредната моќ на славењето: Петдневна посвета од ПсалмитеПримерок

The Extraordinary Power of Praise: A 5 Day Devotional From the Psalms

5 ДЕН ОД 5

Славејќи го Бог победуваме



Ние имаме непријател што сака да ограбува, краде и уништува. Тој работи прекувремено за да ја ограби нашата доверба и да ја украде нашата пасија. Тој е лажго и обвинувач - неговото име е Сатана. Сепак, Бог ни дал оружје, кое можеме да го употребиме кога Сатаната нè прогонува. Можеме да го удриме со Божјиот Збор и Славење. Овие две оружја во комбинација ќе го срушат и прегазат. Работата е во тоа што Сатаната е алергичен на славење. Кога се чувствуваш дека пробува да те порази или да ја украде твојата самодоверба, започни да го славиш името на Исус Христос. Како што го воздигнуваш Исус Христос за она што Тој претставува, Сатаната почнува да бега како кукавица.



Овој принцип е докажан и во приказната за Јосафат кога ја води Јудејската војска во борба со непријателите што ги опкружиле. Но, наместо прво да ја испрати војската, тој испрати хор, кој пееше, „Фалете го Господа, зашто неговата милост е вечна” (2 Летописи 20:21). Во моментите додека хорот пееше, Господ испрати заседа и ги порази непријателите. Ова е моќна приказна, која претставува како Бог носи победа врз непријателите во нашите животи.



Селах – застани и размисли: Во кој дел од твојот живот копнееш да видиш победа? (пр. да ја победиш анксиозноста, стравот, зависноста, проблемите со исхраната...) Како ти изгледа идејата да го славиш Бог затоа што преку Исус Христос победата е веќе извојувана?



Молитва за прослава: Господе Исусе, те воздигам Тебе, бидејќи само со твоја помош можам да ја надминам секоја ситуација што ми изгледа ненадминлива. Преку твојата моќ темнината станува светлина. Ти благодарам што, кога чувствувам страв, ти си присутен до мене. Те прославувам поради тоа што ми вети дека ќе ме водиш до победи додека ти верувам Тебе. Боже, ти благодарам што преку Христос доаѓам до победа во секоја ситуација. Ниту едно оружје створено против мене не може да успее. Те славам Тебе, Господе Исусе, дека и денес ме направи победник.



Псалм 18:46-49, „Да живее Господ, и нека е благословена карпата моја! И нека се величи Бог на моето спасение. Бог, кој одмаздува за мене, кој ми ги покорува народите, избавител од моите гневни непријатели! Ти ме возвиси над оние што стануваат против мене и ме избави од насилникот. Поради тоа те славам пред народите Господи и го воспевам името Твое.”



За повеќе помош околу надминување на анксиозноста, придружете се на 6-неделните изучувања со Беки Харлинг, на Псалмите во Неверојатната моќ на славењето.    


Свето Писмо

Ден 4

Опис за овој план

The Extraordinary Power of Praise: A 5 Day Devotional From the Psalms

Анксиозност, страв, осаменост и депресија се драматично чести појави во последните неколку години. На Псалмистите овие емоции не им биле непознати. Сепак, тие научиле како да ја употребат неверојатната моќ на славењето з...

More

Би сакале да им се заблагодариме на Муди Паблишерс, кои го овозможија овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://www.moodypublishers.com/the-extraordinary-power-of-praise/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност