Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Сигурност во несигурни времињаПримерок

Certainty In Times Of Uncertainty

3 ДЕН ОД 5

Неможеме да бидеме сигурни за тоа што ќе се случи во иднина. Нема начин да ја предвидиме иднината затоа можеме да носиме информирани одлуки или да претпоставуваме. Може да забележиме и разбереме некои шеми на извршување, но никој не знае што ни носи утрешниот ден. Сѐ што имаме е овој сегашен момент.



И денешниот ден ни е доволен.



Ти си го преживеал секој лош ден до сега, во секоја околност и уназадување. Ти си непоразен. Си се сретнал со навидум ненадминливи ситуации и си се соочил со страшни противници кои изгледало како да имаат голема предност пред тебе, за сепак на крај ти да излезеш како победник.



Во времиња на несигурност, ние одлучуваме да бидеме сигурни.



Нашата сигурност не потекнува од околностите и ситуациите во кои се наоѓаме туку од Бог, кој овозможува и нѐ штити.



Сигурност – цврсто убедување во некој случај. Квалитет на веродостоен потпор. Вистинит факт или настан кој со сигурност ќе се случи.



Несигурност – состојба да се биде несигурен. Нешто што е несигурно или прави некој да се чувствува несигурно.



Несигурноста вели, "не знам што ќе ми донесе иднината".



Сигурноста вели, "Јас знам што ќе се случи во иднина!"



Да се живее без Христос значи да се живее без мир. Да се биде несигурен. Секоја личност има совест во себе која мора да биде задоволена за да бидат вистински среќни. Има само едно нешто кое може да и даде мир на совеста, а тоа е да се има правилна врска со Бог.



Бори се за тоа што многу ти значи. Бори се за твојата вера. Бори се за твојата фамилија. Бори се за твојот живот. Не дозволувај негативноста и несигурноста да ти го окупира мозокот. Сеуште, задачата на Бог е да благословува.



Време е да ја избркаме несигурноста и да направиме место во нас за сигурноста. Негативноста премногу долго престојуваше, па сега е време позитивноста да се всели во нас!



Треба да му го претставиме несигурниот свет на сигурниот Исус.


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Certainty In Times Of Uncertainty

На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.

Би сакале да му се заблагодариме на Давид Виља што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://davidvilla.me/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност