Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Сигурност во несигурни времињаПримерок

Certainty In Times Of Uncertainty

1 ДЕН ОД 5

 Луѓето насекаде во светот, секој ден гледаат вести на телевизија.



Се говори за светските настани на скоро секој канал.



Интернетот е преплавен со негативност.



Списанијата и весниците иако не се толку популарни како порано, сеуште ги има во изобилство.



Исто така стравот и негативноста сеуште ги има во изобилие.



Не можеш да го избегнеш ова. Се појавува пред нас 24/7. Негативноста е зараза.



Но како да се справиме со тоа?



Го појачуваме звукот.



Кликаме на линкот.



Ја вртиме следната страна.



И дозволуваме на негативноста да навлезе во нашите умови. Се грижиме за тоа што некоја војна се случува, што се шири некоја болест или што се случува со акциите на пазарот.



Зошто го правиме ова? Што има толку фасцинантно во овој тип на информации?



Плашливи сме.



Не е тајна дека има голема темнина во овој свет, спремна да ги завлече сите оние кои може да ги дофати.



Но исто така постои и многу светлина.



А таму каде што има светлина, темнината неможе да победи.



Светлината која секогаш ме осветлувала во моите најтемни моменти била претставена преку Божјиот збор. Бидејки, независно од тоа во каква ситуација се наоѓаш, Библијата ќе те води низ потребните чекорите за да можеш да ја надминеш твојата потешкотија. Финансиска криза, проблеми во бракот или врската, проблеми на работа, во школо, светски катастрофи, сите овие потешкотии бледеат во споредбата со Господ и со вечноста. Твојата Библија е извор на бескрајна светлина.



Дури и во најтемните соби, светлината ја брка темнината кога е вклучено светлото. Дури и во моменти на неволја, на сред трагедии и несигурности, светлината која Бог ни ја дава над нас, секогаш победува. Нема нешто поголемо и посветло од ова.



На сред темнина, јас одбирам да посегнам по светлината, да и дозволам да го осветлува мојот дух и да ме и води на патот до подобри времиња.


Ден 2

Опис за овој план

Certainty In Times Of Uncertainty

На сред целата несигурност, Бог е сигурен! Придружи му се на Давид Виља во неговиот план, за да ги ревидирате вашите несигурности од минатото, вашата негативност и да стигнете до нешто грандиозно.

Би сакале да му се заблагодариме на Давид Виља што го овозможи овој план. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://davidvilla.me/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност