Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Пронаоѓање на твојот пат назад кон БогПримерок

Finding Your Way Back To God

3 ДЕН ОД 5

Не можам сам

Без разлика каде се наоѓаме во нашето патување назад кај Бог, сите имаме нешта во нашите животи за кои сè уште цврсто се држиме. За некои тоа е некаква тајна активност или навика за која никој друг незнае. За други е прилично очигледно што е тоа по што тие трчаат.

Како е со тебе? Од што треба да се откажеш? Бог ретко донесува нешто ново во твојот живот сè додека не се откажеш од нешто старо и скршено.

Токму затоа следниот чекор по пробудувањето за жалост е пробудувањето за помош. Ова трето пробудување нè поместува со огромен чекор поблиску до Бог бидејќи сфаќаме деке не можеме сами. Што се случува потоа?

Се јавуваме. Разговараме. Влегуваме во група за поддршка. Се гледаме себеси како седнуваме на последната клупа во Црква. Паѓаме на коленици и извикуваме“Боже, ако си вистинит...!”

Свртувањето назад од деструктивните навики и барањето помош е дел од покајанието. Да се покаеш значи да си отидеш дома, да се вратиш од каде што си дошол и каде што припаѓаш. Враќањето дома значи да ти биде простено и да добиеш сигурност за животот после овој живот, но истовремено значи и наоѓање ново значење и насока за животот која не може да се најде на ниту едно друго место. Се работи за тоа да имаш врска со Бог. Се работи за пренасочување на твојот живот и враќање од каде што си дошол и каде што припаѓаш. Кога се каеш, Бог те менува. Ти си поинаков. Библијата вели дека Духот Божји доаѓа да живее во тебе и тоа резултира со препознатлива и постојана трансформација/

Запомни дек апкајанието не значи да се чувствуваш лошо. Всушност, Библијата вели дека вистинското покајание води кон “време на освежување” од Господ. Покајанието значи започнување однво и признавање дека “ми треба помош.” Овој повик за покајание, за свртување назад од гревот и за враќање дома кај Бог е за секого.

Денес може да биде денот кога ќе си отидеш дома. Стани од таму каде што си и дојди дома каде што припаѓаш. Не е важно какви лоши одлуки си донел во минатото, Бог ти вели “Што и да си направил, што и да си станал, не е важно. Само дојди си дома.”

За што треба да се покаеш денес?Како може покајанието да те води кон “време на освежување” со Бог?

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Finding Your Way Back To God

Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробуду...

More

Благодарни сме на издавачката групација WaterBrook Multnomah за овој план. За повеќе информации, посети ја страницата: http://yourwayback.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност