Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Пронаоѓање на твојот пат назад кон БогПримерок

Finding Your Way Back To God

1 ДЕН ОД 5

Мора да има нешто повеќе

Дали некогаш имаш чувство дека во животот бараш нешто што не може целосно да те задоволи? Обрни му внимание на тоа чувство. Тоа чувство доаѓа од Бог.

Не зборуваме само за зависности од супстанца, иако пиењето и уживањето во други зависности секако се начини на кои се бара нешто што не задоволува. Ние знаеме многу “добри црковни луѓе” кои доаѓаат на богослужбите секоја недела—или кои им проповедаат на тие луѓе—а кои се чувствуваат дека се далеку од Бог. Тие се “успешни” или “стокмени” или “праведни” однадвор, но им недостига Бог одвнатре. Тие се зафатени со религиозни активности, работа, училиште, но некако тоа не е доволно. Тие копнеат Бог да им биде пореален.

Тој копнеж е првото духовно пробудување за сите нас кои го бараме патот назад кон Бог: “Мора да има нешто повеќе.”

Кога копнееш за една љубов која е длабока и задоволувачка, кога сакаш да се дадеш себеси за нешто кое ќе има големо влијание или кога ги бараш одговорите на најтешките животни прашања, тогаш всушност го бараш Бог. Имаш само две опции: или ќе продолжиш да се обидуваш да ги исполниш копнежите со свои сили или ќе погледнеш кон Оној што ти ги даде овие копнежи уште од самиот почеток.

Нашиот копнеж за вистинска љубов потекнува уште од времето на создавање на човеката раса. Намерата на Бог беше ние да ја доживееме Неговата љубов директно од Него, како и преку врските со другите луѓе на еден здрав начин. Она за што копнееме не е тоа што Бог го има, туку она што Бог е. Тој е љубов и тој нас нè бара со љубов.

Имаме слушнато дека секој што тропа на вратата на еден бордел всушност го бара Бог. Доколку и ти тропаш на вратата на некое себе-уништувачко однесување или врска, тогаш можеби си пристигнал до еден клучен момент во твоето патување назад кон Бог. Зошто? Бидејќи разочарувањето што несомнено ќе го почувствуваш поради ефтините замени, ќе те натера да се запрашаш каде можеш да најдеш вистинска љубов? Дали ќе се отвориш за да му дозволиш на Бог да го задоволи твојот копнеж за љубов и за да бидеш сакан?

Што сугерираат твоите активности оваа недела за тоа што мислиш дека ќе те задоволи?

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Finding Your Way Back To God

Дали бараш нешто повеќе во животот? Да се бара нешто повеќе всушност е еден копнеж за враќање кај Бог - без разлика во каква состојба е твојата врска со Бог сега. Сите ние доживуваме одредени клучни моменти - или пробуду...

More

Благодарни сме на издавачката групација WaterBrook Multnomah за овој план. За повеќе информации, посети ја страницата: http://yourwayback.org/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност