Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Користење на твоето време за БогПримерок

Using Your Time for God

3 ДЕН ОД 4

Победувајќи го часовникот

Научив неколку трикови кои ми помагаат да го победам часовникот. Можеби ќе ти помогнат и на тебе.

Разбирам дека целото мое време е Божјо време и целото мое време е мое време поради тоа што Тој ми го даде. Бог е сопственик на мојот живот и на моето време. Сепак, Тој ми даде една мерка на време над кое јас сум управител. Можам да го посветам тоа време да работам за други луѓе, да посетувам луѓе итн. но тоа е време за кое ќе морам да полагам сметка.

Времето може да се откупува со концентрација и фокус. Едно од најголемите трошења на времето се случува во човечкиот мозок. Нашите раце може да бидат зафатени но нашиот мозок може да биде неактивен. Исто така, нашите раце можат да бидат неактивни додека нашите умови се зафатени. Расеаност, мечтаење и препуштање на лекомислена фантазија се неколку начини на кои можат да се потрошат мислите во реално време. Со фокусирање на умовите на задачата пред нас—со цврста концентрација—обезбедуваме продуктивно користење на времето.

Умот може да откупи време кое се одзема со обични или механички функции. На пример, не е тешко да се истушираш. Во оваа ситуација, умот е слободен да решава проблеми, да размислува креативно или да составува некои теми. Многу од моите пораки и лекции потекнуваат од туширањето. Кога играв голф порано, открив дека времето што го имав помеѓу две удирања беше одлично време за составување на проповеди во мојот ум.

Корам део: Живеење пред лицето Божјо

Биди свесен за тоа каде го насочуваш твојот ум денес. Обиди се да откупуваш вредно време кое се употребува за обични и механички функции така што ќе размислуваш за нешта со вечна вредност.

Copyright © Ligonier Ministries. Добиј бесплатна книга од Р. Ч. Спроул на Ligonier.org/freeresource.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Using Your Time for God

4 дневна побожност од Р. Ч. Спроул во врска со користење на твоето време за Бог. Секоја од овие побожности те повикува да живееш во Божјото присуство, под Божјиот авторитет, за слава Божја.

Благодарни сме на Ligonier Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: Ligonier.org/youversion

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност