Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Користење на твоето време за БогПримерок

Using Your Time for God

2 ДЕН ОД 4

Откупување на твоето време

Времето е еден голем изедначувач. Тоа е еден и единствен ресурс кој се доделува во апсолутно еднакви мерки. Секое живо суштество има ист број на часови за користење секој ден. Презафатените луѓе не добиваат специјален бонус кој би се додал на часовите од денот. Часовникот нема миленици.

Сите имаме еднаква мерка на време секој ден. Се разликуваме еден со друг во тоа како го откупуваме даденото време. Кога нешто е откупено, тоа е спасено или избавено од некаква лоша состојба. Основната негативна состојба за која сме загрижени е состојбата на трошење. Да се троши време значи да се потроши на тоа што има мала или никаква вредност.

Покојниот Винс Ломбарди ја измисли поговорката "Никогаш не изгубив ниту една партија, само ми снема време." Ова објаснување ме насочува кон еден од најдраматичните елементи на спортот—трката против времето. Екипата која ќе биде најпродуктивна во определеното време е екипата која ќе победи во натпреварот. Се разбира, во спортот, за разлика од животот, постои можност за пауза. Часовникот на спортските настани може привремено да се сопре. Но во реалниот живот нема прекини.

Корам део: Живеење пред лицето Божјо

Побарај од Бог да ти открие начини како да го откупиш времето кое се троши на нешта со мала или никаква вредност.

Copyright © Ligonier Ministries. Добиј бесплатна книга од Р. Ч. Спроул на Ligonier.org/freeresource.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Using Your Time for God

4 дневна побожност од Р. Ч. Спроул во врска со користење на твоето време за Бог. Секоја од овие побожности те повикува да живееш во Божјото присуство, под Божјиот авторитет, за слава Божја.

Благодарни сме на Ligonier Ministries за овој план. За повеќе информации, посети ја: Ligonier.org/youversion

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност