Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Простор за дишењеПримерок

Breathing Room

2 ДЕН ОД 5

Не мора да си религиозен, за да знаеш како да ја практикуваш идејата за Сабат - денот за одмор. Сите уживаме во бавниот викенд, дали со спиење или со одмарање од метежот со разни активности преку неделата. Но, ако мислиш дека Сабат е само еден мирен неделен ден, го испушташ најдобриот дел - делот кој конечно ќе ти даде простор за дишење.



Ајде да одиме малку наназад во времето на Излез каде Бог нѐ запознава со Сабатот. Израелците биле робови во Египет 400 години, работејќи по цел ден, секој ден. После нивното ослободување, целата нација пешачи низ пустината уште 40 години. И таму Бог им дава заповед за Сабат - секоја недела да имаат посветено еден ден за одмор.



Бог им се обраќа на една група луѓе кои работеле по цел ден веќе стотици години и кои сега се обидуваат да најдат доволно храна за да прехранат илјадници луѓе во сред пустина, дека тие треба да одделат еден ден за одмор. Тоа сигурно им делувало апсурдно! Доколку некој ден не работат, тие ќе немаат што да јадат во тој ден.



Но, Бог нешто имал намислено. Во Излез 31:13, Тој објаснува дека почитувањето на Сабатот ќе биде знак дека „Јас сум Господ…“ Бог им рекол (и нам исто така), Јас сакам да ви докажам дека можете да ми верувате. Знам дека се плашите да не останете гладни. Но, јас ќе ви докажам, недела по недела, дека можете да ми верувате.



Претпоставувам дека ја знаеш приказната понатаму. Со мана и препелици, Бог одговорил на нивниот страв да не останат гладни, верно снабдувајќи им го лебот насушен, дури и за денот кога им рекол да не работат, туку да се одмараат.



Божјата заповед да се одмориме е всушност покана да Му веруваме. Кога се плашиме дека ако кажеме НЕ на поканата и со тоа ќе ги повредиме нашите пријатели, можеме да Му веруваме на Бог дека ќе го заштити тоа пријателство. Кога се плашиме дека нашата куќа е премногу мала, или нашата кола премногу стара, можеме да му веруваме на Бог дека нашата вредност не се мери со такви материјални работи. Да му веруваме на Бога наместо да шкрипиме со забите и да се напрегаме преку нашите граници е начинот за конечно, трајно да најдеме простор за дишење.


Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Breathing Room

Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но...

More

Благодарни сме на North Point Ministries и Сандра Стенли (Sandra Stanley) за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://breathingroom.org

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност