Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Еден збор кој ќе го промени твојот животПримерок

One Word That Will Change Your Life

1 ДЕН ОД 4

Моќта во еден збор

 


Спреми се


Донесените планови за време на нова година не функционираат!


50% од одлучувачите доживуваат неуспех при крајот на Јануари, а 9 од 10 се откажуваат во Март, затоа наместо таков тип на планови ќе си земете “еден збор“ за годината...но бидете претпазливи, ова може да ве промени.


Доколку ја започнете новата година имајки го ставот “да завршиме работа“ како што го имаме ние, веќе сте завршиле голем дел од работата. Сепак, како што поминува времето, најчесто ни опаѓаат амбициите за тие планови што нѐ фрустрира. Се трудевме толку многу, а не постигнавме ништо добро како краен резултат.


Во 1999, започнавме едноставна дисциплина во развојот на темата за “еден збор“ за следната година. Добро читате—Еден Збор. Значи не станува збор за некоја наша фраза или изјава туку еден и единствен збор. Со тоа што се фокусиравме на само Еден Збор, ние искусивме неверојатни животни промени, година по година и кога ќе го откриеш тој еден збор за твојата нова година добиваш јасен хоризонт, пасија и животна цел.


Вежбата која ја правиме преку Еден Збор има за цел да нѝ донесе фокус и едноставност, ги надминува нештата кои постојано ти го одвлекуваат вниманието и го одржува твојот фокус на оние области кои се навистина важни за еден човек, како: духовноста, физичката спремност, психичка стабилност, емоционалната сфера, поврзување со луѓето и личните финансисии. Преку оваа вежба Бог нѐ промени многу и Тој се воодушевува на животните промени кои ги доживуваме.


Има добра причина зошто ве предупредуваме да “бидете претпазливи“ доколку го набавите Еден Збор бидејки битката започнува во моментот додека го пронаоѓате вашиот збор. Тоа ќе иницира во вас процес на поучување, развој, подобрување и оформување. Бог ќе го употреби твојот збор како светлина и огледало што ќе го осветлува твојот пат и ќе ти ги открива нештата кои треба да ги промениш во себе. Тој збор ќе ти биде од помош на твоето големо патување, во моменти на високи и ниски фреквенции на функционирање со тоа што е дизајниран да те направи човекот кој Бог те создал да бидеш.


Од наше искуство можеме да кажеме дека Бог брзо ги открива Неговите планови за следната година поврзани со твојот “еден збор“. Тој збор(не зависно од тоа дали е дисциплина, плод на духот, карактерна особина или Божја карактеристика) ќе стане твојот бренд за таа година, затоа откриј го твојот еден збор и сподели го со луѓето. Тој може да го промени твојот живот!


Тргни
1. Што ти зборуваше Бог во изминатата година?
2. Која област од твојот живот Бог сака да ја опфати и да ја употреби за Негова слава?
3. Како Бог сака да се припремиш себеси за следната година?


Вежба
Псалм 27:1-14; Лука 18:22; Марко 10:21


Домашна
"Драги Господе, те молам за оваа година биде година на животни промени. Откриј ми се преку тоа што ќе ми укажеш на темата на зборот кој треба да го изберам за годината што следи, исполни ме со Твојот свет дух. Јас разбирам дека ова е патување кое треба да го изодам, а не задача која треба да ја завршам. Дај ми сила додека се држам до исполнување на тој еден збор во моето секојдневие. Во името на Исус, амин."


Дали сакаш да земеш еден ваков акциски план? Превземи го бесплатно на веб-страната: GetOneWord.com


Ден 2

Опис за овој план

One Word That Will Change Your Life

ЕДЕН ЗБОР ќе ти помогне да си го поедноставиш животот со тоа што ќе се фокусираш на само ЕДЕН ЗБОР, цела година. Едноставноста во откривањето на зборот кој Бог го има за тебе ќе ти послужи како двигател на животни промен...

More

Би сакале да се заблагодариме на Јон Гордон, Ден Бритон и Џими Пејџ што ни го овозможија овој план за читање. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.getoneword.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност