Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Бог е _______Примерок

God Is _______

3 ДЕН ОД 6

Бог е Веродостоен


Исус Христос е ист вчера, денес и во вечни векови. Евреите 13:8

Дали некогаш си бил излажан, предаден или ти била скршена довербата? Има шанса, дека ти се случило некогаш во животот, и најверојатно ќе ти се случи и во иднина, повторно. Зошто? Поради тоа што луѓето не се совршени.


Ние се трудиме најмногу што можеме да останеме на нашиот збор, да ги исполниме ветувањата, и да бидеме веродостојни, но во некои моменти, на сите ни се случува да промашиме. Независно дали сме промашиле некој рок за извршување на работа или неисполнување на некое ветување, неизбежно е да изневериме некого.


Искуството од скршена доверба е неверојатно болно на кратки стази и многу штетно на долги стази. Всушност, има опширно истражување во областа на невронауката за влијанието на скршената доверба врз нашиот мозок, нашето тело и нашите врски.


Нашиот мозок е програмиран да им верува на луѓето, и кога им веруваме, ние испуштаме окситоцин, за кого научниците велат дека е “љубовна хемикалија” или дури “еликсир на довербата.” Ослободувањето на оваа хемикалија во нашиот мозок предизвикува зголемување на довербата, па колку повеќе искуства имаме со позитивна реакција, толку повеќе сме спремни да им веруваме на други луѓе.


Спротивното е вистинито исто така. Кога некој ке ни ја скрши довербата, го стимулира делот од нашиот мозок кој произведува страв, кој прави да ни биде потешко да се довериме некому во иднина.


Па кога збориме за верата во Бог, често сме искушувани да ги проектираме старите искуства со неперфектни луѓе на моменталните искуства со нашиот перфектен Бог.


Можеби ти е тешко да му веруваш на Бог поради тоа што некој родител или човек на авторитетна позиција те повредил. Или можеби ти е тешко да му веруваш на Бог поради нешто одвратно што ти се случило во животот, и кога си се молел Тој не одговорил на твоите молитви за да го спречи.


Иако болката од овие искуства е реална, не ја менува вистината за тоа кој е Бог. Тој е единствениот кој е комплетно веродостоен. Ајде да погледнеме што ни кажува Писмото за тоа зошто можеме да му веруваме на Бог:


  • Тој е непроменлив. За разлика од луѓето, кој може да се предомислат во секое време, Бог нема никогаш да се предомисли за Неговата љубов или Неговите планови што ги има за тебе. Тој е постојан, и Неговата љубов е константна. (Погледни во Малахија 3:6 и Евреите 13:8.)
  • Тој никогаш нема да не заборави или напушти. Нема нешто што може да направиш што ќе го натера Бог да се оттргне од тебе. Тој е секогаш присутен и независно од тоа што се случува со нас, Тој ќе биде тука додека проаѓаме низ тоа. (Погледни во Евреите 13:5 и Римјаните 8:39.)
  • Тој секогаш работи за наше добро. Дури и кога искусуваме болка во нашиот живот, Бог може да ја претвори пепелта во нешто убаво. Тој е специјализиран во обнова и искупување, а Тој може да даде цел на нашето страдање. (Погледни во Римјаните 8:28, Исаија 61:1-3.)

Независно од тоа колку пати си бил изневерен од луѓе, Бог нема никогаш да го направи тоа. Тој нема да те напушти, и Тој е достоен за твојата доверба.


Моли се: Боже, понекогаш ми е тешко да ти верувам поради _________. Дали би ми помогнал да ја надминам оваа бариера за да можам да ти верувам комплетно? Ти благодарам што си веродостоен. Продолжи да ја градиш мојата вера и доверба во она што си Ти, и ти благодарам што работиш низ сите случувања за мое добро. Во името на Исус, амин.


Предизвик: одвој некое време за да се молиш и идентификуваш некоја област од твојот живот каде што не му веруваш доволно на Бог, па предади му ги тие нешта на Него. Може дури и да ги запишеш и да ги ставиш во некоја кутија која ќе го симболизира твоето предавање на нештата, со кои Тој треба да се справи.


Ден 2Ден 4

Опис за овој план

God Is _______

Кој е Бог? Сите ние имаме различни одговори, но како да знаеме која е вистината? Независно кое е твоето искуство со Бог, Христијаните, или црквата, време е да откриеме кој навистина е Бог—реален, присутен, и спремен да т...

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност