Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Живот со интегритетПримерок

A Life Of Integrity

1 ДЕН ОД 4

„Што е интегритет“



Тешко е да се дефинира интегритетот. Во речникот тој се дефинира како „држење на морални и етички принципи“. Во секојдневниот живот интегритетот е дефиниран како искреност и достојност за доверба. Ако го темелиме интегритетот на овие две дефиниции ќе завршиме живеејќи ги нашите животи врз основа на една морална вистина по наш избор надевајќи се дека другите ќе нè сметаат за праведни и достојни за доверба. И двете дефиниции се точни, па сепак, во исто време тие се некомплетни. Интегритетот е исто така многу повеќе.



Вистинскиот интегритет е едноставно ова - да се живее и да се зборува врз основа на тоа што Бог вели дека е право. Интегритетот значи да ги поставиме нашите зборови и дела врз основа на Неговите принципи и вистина. Зошто интегритетот се темели на Божјите принципи? Тој е Авторот на сè што е правилно и вистинито. Кога ги живееме животите признавајќи дека Бог е нашиот Создател, треба да разбереме дека Тој нè создал да живееме врз основа на Неговите стандарди на вистина.



Тој нè создал за да ги примиме нашите морални и етички принципи од Него. Било кое друго место каде наоѓаме наши вредности или вистина е опција измислена од човек, па според тоа, нема вистински интегритет. Неговата вистина е единственото нешто што ќе нè води кон живот со интегритет. Така, живеењето со интегритет значи да му кажеме да, на она што вели Бог дека е правилно и добро, без оглед на последиците.



Интегритетот вреди многу повеќе од богатства и многу повеќе од нашата удобност. Идентификувањето и верувањето дека Божјото Слово е единствениот стандард според кој ги оценуваме и развиваме нашите суштински вредности претставува првиот чекор кон развивањето на интегритет. Одлучи денес да започнеш да го отвораш твоето срце за еден начин на живеење со познавање на интегритетот и од каде тој доаѓа.

Ден 2

Опис за овој план

A Life Of Integrity

Дали го кажуваш тоа што го мислиш и дали го мислиш тоа што го кажуваш? Дали твоите дела и зборови се во склад со она што го кажуваш и веруваш? Во денешното општество, тешко е да се живее еден живот со интегритет. Навлегу...

More

Благодарни сме на Markey Motsinger за реализацијата на овој план за читање. Ве молиме посетете ја страницата: markeymotsinger.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност