Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Љубовта успоруваПримерок

Love Slows Down

1 ДЕН ОД 7

Створени за љубов



Сите ние посакуваме да бидеме сакани. 



Сакаме да даваме и примаме љубов, но голем дел од нашите животи е исполнет со нервоза, лутина и неспокој. Доброто е што не мора да биде така. Бог сака да ти ги подари плодовите на Духот: љубов, радост, мир, трпеливост, милост, добрина, верност, нежност и самоконтрола. Сето ова ни е достапно нам доколку се фокусираме на вистинските нешта. 



Во оваа посвета сакам да ти помогнам малку да успориш, да се ослободиш од твојот неспокој, лутина и нервоза и да ги замениш со Божјата љубов. Сакам да ти покажам на кој начин Божјата љубов ги содржи сите одговори за предизвиците со кои се соочуваш моментално во твојот живот. 



Сигурно се чудиш пред да започнеш, „Зошто не можам да успорам? 



Добро прашање. Ова е наједноставниот одговор: Ти имаш некои надежи и соништа за тебе и за твојата фамилија, но сѐ околу тебе претставува потенцијален предизвик или закана за спречување на тие надежи и соништа. Ти посакуваш три работи:



· Безбедност (физичка, финансиска и емоционална) 



· Поврзаност (пријателски врски, чувство дека си ценет и прифатен во околината) 



· Контрола (зајакнување, слободна волја, избор и опции) 



Нема ништо лошо во тоа да ги посакуваш овие нешта. Бог нѐ создал со такви потреби, но исто така нѐ создал на начин што ни овозможува да ги задоволиме овие потреби преку Него. 



Адам и Ева имаа безбедност, поврзаност и контрола (слободна волја) во Едемската градина, но кога згрешија беа одвоени од Божјата љубов — совршениот начин за исполнување на овие потреби, по што веднаш почувствуваа страв. (Создавање 3:10) Сите ние чувствуваме страв од тој момент до сега. Добрата вест е дека поради Исус повторно можеме да дојдеме во допир со Божјата совршена љубов што ги исполнува сите наши потреби — доколку за ова се надеваме на Него.



Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани да ја возвратиме љубовта. 



Божјата љубов ни ја нуди безбедноста, поврзаноста и зајакнувањето/контролата што ја бараме. Одвој време да размислиш за овој момент, за овие три вида на надеж и соништа и одговори си на прашањето што од ова ти е најмногу потребно во моментов. Размисли за тоа како би ти изгледал животот доколку таа потреба ти е задоволена и прочитај го денешниот стих, прими ја пораката за тоа дека Божјата совршена љубов е изворот на сѐ што ти бараш.


Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

Love Slows Down

Ние сме создадени од љубов, за љубов и сме повикани, да живееме во Божјата љубов. Оваа посвета е базирана на книгата со наслов „Љубовта успорува“ и ќе ти помогне да успориш и да ги замениш твојата лутина, твојот неспокој...

More

Благодарни сме на Жоел и Јонатан Малм за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://joelmalm.com

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност